Горни Лозја — археолошко наоѓалиште во прилепското село Бешиште. Претставува населба од римско време.
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа на 3 километри југозападно од селото, од двете страни на патот за селото Зовиќ, во ливадата на мештанинот Борис Лешков.
Опис
Во ливадата биле откопани 8 питоси. До северозападната страна на ливадата има две корита издлабени во карпа, со правоаголна форма, оддалечени едно од друго 0,3 метри и меѓусебно поврзани, веројатно наменети за гмечење на грозје. По површината се гледаат грамади од градежен материјал.
Поврзано Огради — населба од средниот век; Турчија — некропола од средниот век; Врља Грамада — населба од праисториско време; Гробишта — некропола од непознат период; Бешиште; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.
Наводи
Категорија:Бешиште