Марија Васиљевна Смирнова (31 март 1920 – 10 јули 2002) беше командант на ескадрила во 46. Тамански Гардиски ноќен бомбашки воздухопловен полк (наречен Ноќни вештерки) на Советските воздухопловни сили за време на Втората светска војна. За нејзините подвизи во војната, таа е прогласена за Херој на Советскиот Сојуз на 26 октомври 1944 година.

Ран живот Марија Смирнова е родена во 1920 година во Русија, во сиромашно семејство. Првично оди во локалното селско училиште, но на тринаесет години се запишува на наставничкиот колеџ во Твер. Кога дипломира, Смирнова започнува да работи како наставничка во средно образование. Училиштето е сместено во близина на аеродром, каде Смирнова првпат здогледува авион. Почнува со лекции по летање во 1937 година, здобивајќи се со сертификат на пилот и инструктор. Откако станува квалификувана, почнува да обучува пилоти за Советските воздухопловни сили.

Воена кариера Смирнова одговара на жалба на Радио Москва во 1941 година за жени пилоти да им се придружат на воздухопловните сили. По обуката на Енгелс, Смирнова е назначена за заменик командант на ескадрила на новоформираниот 588ми Ноќен бомбашки полк, подоцна познат под прекарот „Ноќни вештерки“. Нивната прва мисија е на 8 јуни 1942 година. По смртта на командантот на ескадрилата, Љубов Олховскаја за време на мисијата, Смирнова ја презема нејзината позиција. По осум месеци поминати во борбени мисии, полкот е назначен за Гарда и е преименуван во 46ти Гардиски ноќен бомбашки воздухопловен полк.

Смирнова му е посветена на полкот, при што еднаш бега од рекреативен центар каде што е испратена за да си го подобри здравјето, со цел да се врати назад на фронтот. Летајќи со авионите Поликарпов По-2, Смирнова и Ноќните вештерки се навикнуваат да напаѓаат мети кои се бранети од противвоздухопловна артилерија и рефлектори. Сепак, таа се сеќава на еден лет кога се нападнати од германски војници, со трасерска муниција која ги пали платната и телата од иверица на руските двокрилци. На крајот од војната, Смирнова е една од дваесет и трите членови на полкот што е прогласена за Херој на Советскиот Сојуз.

По војната, не е во можност да продолжи да работи во цивилното воздухопловство, бидејќи нејзината влошена здравствена состојба укажува на тоа дека нема да ги помине потребните медицински прегледи. Во март 1945 година, испратена е заедно со Екатерина Рјабова во Академијата за воени воздухопловни сили Жуковски - Гагарин. Командантот им кажува да бараат некоја цивилна работа, бидејќи сфаќа дека нивните тела по војната нема да ги издржат ригорозните тренинзи и кондиција што ја бара воената академија од своите кадети.

Награди Херој на Советскиот Сојуз Орден на Ленин Три Ордени на Црвеното знаме Орден на Александар Невски Орден на Патриотската војна, прва класа Орден на Црвената ѕвезда Медал "За одбрана на Кавказ" Медал "За ослободување на Варшава" Медал "Ветеран на трудот" Медал "За победата над Германија во Големата Патриотска војна 1941–1945" Повеќе јубилејни медали

Поврзано

Ноќни вештерки Список на жени Херои на Советскиот Сојуз Полина Гелман Евдокија Бершанскаја

Наводи

Категорија:Родени во 1920 година Категорија:Починати во 2002 година Категорија:Жени пилоти Категорија:Советски бомбашки пилоти во Втората светска војна Категорија:Советски воздухопловни официри Категорија:Руси во Втората светска војна Категорија:Советски пилоти во Втората светска војна Категорија:Русинки пилоти Категорија:Добитници на Медалот на Жуков Категорија:Носители на Орденот на Црвената ѕвезда Категорија:Носители на Орденот на Црвеното знаме Категорија:Херои на Советскиот Сојуз Категорија:Носители на Орденот на Ленин Категорија:Носители на Орденот на Татковинската војна од I степен