Костурско Езеро (, Лимни Орестијада или , Лѝмни Касторијас) — езеро во Костурско, северозападна Егејска Македонија, денес во Грција. Познато е по градот Костур, кој е сместен на полуостров во езерото.
Езерото е од групата на Егејските езера и лежи на надморска височина од 620 метри. Зафаќа површина од и има длабочина од 9 до 10 метри. Долго е 30 км и има водна зафатнина од 100 милиони кубни метри. Целиот слив на езерото зафаќа .
Опис Костурското Езеро е образувано во текот на миоценот, пред околу 10 милиони години. Претставува остаток од многу поголемо езеро () кое ја исполнувало Костурската Котлина. Во езерото се влеваат 9 помали реки како Стара Река, Сушица (Апоскепска Река), Влака (Вишенска Река), Кондоропска Река, Хухеришта (Тиолишка Река), Фотинишка Река, Истек, Свети Атанасиј и Фундуклиска Река. Најголема од нив е Стара Река со среден дотек од 350 л/с. Во југозападниот дел езерото има истек во реката Бистрица.
Животински свет Во околината на езерото се среќаваат преку 200 вида птици, а самото езеро важи за второ по богатство на уловот во државата.Νομαρχιακή αυτοδιοίκηση Καστοριάς, λίμνη Καστοριάς
Знаменитости Покрај самиот град Костур со неговите бројни византиски цркви, крај бреговите на езерото се наоѓа познатиот манастир „Пресв. Богородица Мавровска“ од XI век, неолитската населба кај с. Дупјак, каде од езерото е извадена Дупјачка таблица со натписи кои сведочат за праписменоста во Македонија во VI милениум п.н.е.Το Δισπηλιό . Δήμος Μακεδνών Ξενάγηση στις ανασκαφές στο Δισπηλιό εφημερίδα Ριζοσπάστης, 3 август 2008
Галерија
Поврзано Крпени Костурска Котлина Дупјачка неолитска населба Манастир „Пресвета Богородица Мавровска“
Наводи
Надворешни врски
Костурското Езеро на BirdLife Сателитска слика на езерото
Категорија:Езера во Егејска Македонија Категорија:Костур (општина) Категорија:Костур (град) Категорија:Бистрички слив (егејски)