Судски мост или Мост кај Интифа — железен мост на реката Драгор во Битола.

Се наоѓа во централниот дел на градот Битола. Тој е еден од деветте железни мостови кои пристигнале од Германија како репарација од Првата светска војна.Мостот кај Интифа на семрежното место на Бабам Битола Името „Судски мост“ го добил заради близината на судските згради кои се наоѓаат на левиот брег на реката. За името пак „Мостот кај Интифа“, не се знае дали е добиено по библиотеката Интифа која била во склоп на вакафот на Исак Челеби џамија исто така на левиот брег на реката, или по истоимената кафеана на десниот брег.

Мостот е еднонасочен за сообраќај на моторни возила, а од двете страни има тесни тротоари по кои се движат пешаците.

Наводи

Категорија:Битола Категорија:Мостови во Битола