Нина Захаровна Уљјаненко (17 декември 1923 – 31 август 2005) беше навигатор и пилот во 46. Тамански Гардиски ноќен бомбашки воздухопловен полк, 325. Ноќна бомбашка воздухопловна дивизија, 4. Воздухопловна армија, Втор Белоруски фронт за време на Втората светска војна. Прогласена е за Херој на Советскиот Сојуз на 18 август 1945 година.
Ран живот Уљјаненко е родена во Сарапул на 17 декември 1923 година во работничко руско семејство. По завршувањето на средното училиште, таа студира на Саратовското воздухопловно техничко училиште пред да му се придружи на ДОСААФ аероклубот во 1939 година, каде и за првпат лета на 11 април 1940.
Кариера за време на Втората светска војна По германската инвазија на Советскиот Сојуз, Нина се обучува за навигатор на академијата за воено воздухопловство Енгелс, по што е распоредена на Јужниот фронт во мај 1942 година како дел од 588от Ноќен бомбашки полк, подоцна преименуван во 46. Гардиски Ноќен бомбашки воздухопловен полк. Во 1994 година станува командант за врска во полкот. Уљјаненко зема учество во Сталинградската битка и лета на мисии во Крим, Кавказ, Полска, Источна Прусија и на крај во Битката за Берлин. Станува член на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз во 1944 година. Кон средината на февруари 1945 година, Уљјаненко веќе има прелетано 388 мисии како навигатор и дополнителни 530 мисии како пилот командант на По-2 авионот; на крајот од војната, има вкупно 905 мисии, исфрлајќи 120 тони експлозиви, оштетувајќи десет возила, четири траекти и принудувајќи четири артилериски батерии да се повлечат. За нејзината служба во војната, прогласена е за Херој на Советскиот Сојуз на 18 август 1945 година.
Подоцнежен живот По напуштањето на армијата на крајот на војната, Уљјаненко влегува во Воениот институт за странски јазици на Москва во ноември 1945 година. Во 1946, заедно со нејзиниот сопруг, Николај Минаков, се преселува во градот Курск, каде две години работи како писател за весникот Курскаја Правда. Во 1948 година се преселува во градот Ижевск во Удмуртија, каде работи како уредник на весникот Удмурт Правда. Помеѓу 1947 и 1951 е заменик претседател на Врховниот Совет. Од 1957 година работи како наставничка и како инструктор во локалниот ДОСААФ аероклуб, по завршувањето на Удмуртскиот Државен Универзитет во 1955 година. Умира на 31 август 2005 година.
Награди и почести Херој на Советскиот Сојуз (18 август 1945) Орден на Ленин (18 август 1945) Два Ордени на Црвеното знаме (17 јуни 1943 и 15 јуни 1945) Орден на Патриотската војна прва и втора класа (11 март 1985 и 29 февруари 1944) Орден на Црвената ѕвезда (29 декември 1942) кампањски и јубилејни медали
Поврзано
Список на жени Херои на Советскиот Сојуз Ноќни вештерки Поликарпов По-2
Наводи
Категорија:Херои на Советскиот Сојуз Категорија:Советски бомбери пилоти во Втората светска војна Категорија:Жени пилоти Категорија:Руски воздухопловци Категорија:Членови на Комунистичката Партија на Советскиот Сојуз Категорија:Добитници на Орденот на Патриотската војна, прва класа Категорија:Носители на Орденот на Црвеното знаме Категорија:Носители на Орденот на Ленин Категорија:Родени во 1923 година Категорија:Починати во 2005 година Категорија:Русинки во Втората светска војна Категорија:Носители на Орденот на Црвената ѕвезда Категорија:Носители на Орденот на Татковинската војна од I степен Категорија:Носители на Орденот на Татковинската војна од II степен