Тунелот Евроазија (турски: Avrasya Tüneli) — патен тунел во Истанбул, Турција, кој поминува под Босфорот. Тунелот бил официјално отворен на 20 декември 2016 година и отворен за сообраќај на 22 декември 2016 година.

Тунелот ги поврзува Кумкапи на европскиот дел со Кадиќој на азискиот дел од Истанбул со пат од 14,6 км. Го пресекува Босфорот под морското дно на максимална длабочина од -106 метри. Се наоѓа на околу 1 км јужно од подводниот железнички тунел Мармара, кој бил отворен на 29 октомври 2013 година. Патувањето меѓу двата континента трае околу 5 минути. Патарина се собира во двете насоки; од 2018 година, ₺19,20 (околу 4 американски долари) за автомобили и ₺28,80 (6 американски долари) за минибуси.

Наводи

Надворешни врски

Eurasia Tunnel official website Connecting Continents. In: All Around, No. 4 / Herrenknecht AG, large-screen pics of the tunnel construction

Категорија:Тунели во Истанбул