Џами Маала (, Полидендри; до 1927 г. Τζαμί Μαχαλέ, Τζαμή Μαχαλέ, Ѕами Махале) — село во Лагадинско, Егејска Македонија, денес во општината Лагадина на Солунскиот Округ, Грција. Населението брои 271 жител (2021). Сè до 1920-тите било населено со Турци.
Географија Селото се наоѓа на источно од Гвоздово, на 4 км западно од Хаџи Маала и североисточно од градот Лагадина.
Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Џами Маала било турско село во Лагадинската Каза. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Џами Маала живееле 110 Турци.
Во Грција По Втората балканска војна селото било припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. На пописот од 1913 г. населението броело 71 жител, а во 1920 г. е вброено збирно во групата села наречена Ѓулузлу Маала. Во 1920-тите населението како муслиманско е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти од Понд, Турција. Во 1927 г. селото е преименувано во Полидендри. На пописот од 1928 г. Џами Маала е претставено како мешано мештанско-дојденско село 38 дојденци (12 семејства).
Населението се занимава со одгледување на тутун, пченица и други култури, а развиено е и сточарството.
Население
Наводи
Категорија:Лагадина