Основно училиште „Ванчо Прке“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Ванчо Прке“ - Габрово; скратено: ПООУ „Ванчо Прке“) — подрачно основно училиште во селото Габрово, составен дел на истоименото училиште од градот Делчево.
Училиштето е именувано по истакнатиот македонски народен херој Ванчо Прке.
Местоположба
Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Габрово.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Делчево Габрово Категорија:Габрово (Делчевско)