Основно училиште „Св. Климент Охридски“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Св. Климент Охридски“ - Стамер; скратено: ПООУ „Св. Климент Охридски“) — подрачно основно училиште во селото Стамер, составен дел на истоименото училиште од градот Делчево.

Училиштето е именувано по словенскиот просветител и светец Свети Климент Охридски.

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Стамер, во близина на новоизградената црква „Св. Еремија“.

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Делчево Стамер Категорија:Стамер