Пелистер или Лакмос (, ) — планина венецот Пинд, сместена во источна Јанина во Епир и западна Трикала во Тесалија. Нејзиниот највискиот врв, исто така Пелистер, се издига на 2 295 метри надморска височина. Се протега во должина од , од селата Големо и Мало Готишта на запад, па речиси до Мечово на исток. Најблиски околни планини се Џумерка (Атаманика, Ѕумерка) на југ, Лигос на север и Мечкели на запад. Планината се одводнува од реката Мечовица и нејзините притоки на север, запад и југ, како и Ахелој на исток. Мечовица потоа тече на југ и откако ќе прими извесни притоки ја образува Арахтос.
Најблиското гратче е Мечово, сместено на североисточниот крај. Други населени места на планината се Лепеница (Антуса) во југоисточниот, Дервендишта (Антохори) во северниот, Големо Готишта (Мегали Готиста) во западниот и Провала (Ватипедо) во југозападниот дел. Автопатот „Егнатија“ (А2) (Игуменица - Јанина - Кожани - Солун - Дедеагач) поминува северно од планините.
Поврзано Пинд Јанина Пелистер — највисокиот врв на Баба Планина во Македонија
Наводи
Надворешни врски Пелистер на порталот Планинска флора на Грција Пелистер (Лакмос) — GTP Пелистер (Лакмос) — Грчка туристичка организација
Категорија:Планини во Тесалија Категорија:Планини во Епир Категорија:Пинд Категорија:Јанина (округ) Категорија:Трикала (округ)