Миус (, ) — река во Украина и Русија. Долга е 258 км, а сливното подрачје зафаќа .
Течение The извира од Донечкото Горје во Донечката област, југоисточна Украина. Тече низ таа област, а потоа и низ Луганската во источна Украина; потоа преминува во Ростовкста област во Русија; на крајот завршува влевајќи се во Азовското Море на североисточниот крај од Средоземниот Слив.
Устието на Миус се наоѓа во Таганрошкиот Залив на Азовско Море, западно од градот Таганрог, Русија.
Поважни притоки Десни: Глухаја, Ољховчик Кринка Леви: Миусик, Крепењкаја, Нагољнаја
Историја Реката е позната под ова име уште во древноста, кога подрачјето го населувале иранојазични народи како Скитите и Сарматите. На овие јазици, името Миус значи „бакар“ (спор. ). За ова сведочи распространетоста на бакарните рудници на подрачјето на Донбас во бронзеното време.
Миус се прочул во Втората светска војна, кога долж неа во 1941 г. германскиот генерал Евалд фон Клајст ја изградил силно утврдената одбранбена линија наречена „Миуски фронт“. Помеѓу 1941 и 1943 г. овде се одиграле низа жетоки борби во Битката кај Ростов. Во 1943 г. е спроведена т.н. Донбаска операција со која советската војска конечно успеала да го пробие Миускиот фронт кај селото Кујбишево.
Поврзано Азовски слив Донбас
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Црноморски слив Категорија:Донбас Категорија:Таганрог Категорија:Реки во Украина Категорија:Реки во Русија Категорија:Географија на Донечката област Категорија:Географија на Луганската област Категорија:Географија на Ростовската област Категорија:Меѓународни реки во Европа Категорија:Азовски слив Категорија:Реки во Ростовската област