Дворец Пејачевиќ во Вировитица () - е доцнобарокен и неокласицичен дворец градот Вировитица, Вировитичко-подравска Жупанија, северна Хрватска. Тој е еден од неколкуте дворци во сопственост на членовите на благородничкото семејство Пејачевиќ во регионот на Славонија.

Дворецот бил изграден во периодот од 1800 до 1804 година од страна на хрватскиот гроф Антун Пејачевиќ (* 1749; † 1802) и неговиот син Антун (* околу 1775; † 1838) на местото на претходна тврдина од средниот век. Дизајниран е од Н. Рот, архитект од Виена. Дворецот бил седиште на велепоседникот во Вировитица, а сопствениците неколкупати се промениле во минатото.

Дворецот е изграден како еднокатна градба во средината на парк, а основата му е правоаголна. Структурата е речиси симетрична, со малку вовлечен централен блок и напред исфрлени крила. Главната фасада на дворецот е свртена кон плоштадот во центарот на градот. Задната страна е украсена со две линии на лакови кои ги следат линиите на кулоарот, а горниот дел содржи фрагментирани прозорци.

Откако бил купен од општината Вировитица во 1930 година, дворецот бил преуреден, а од 1953 година во него е сместен градскиот музеј со неколку збирки (археологија, етнографија, култура и историја итн.).

Дворецот е дом на општинскиот музеј на Вировитица.

Галерија

Наводи

Надворешни врски Castle dominating the center of the Town of Virovitica History of the Pejačević Castle History of the Castle and Virovitica Municipal Museum Virovitica Municipal Museum and its collections

Категорија:Дворци во Хрватска Категорија:Музеи во Хрватска Категорија:Историја на Славонија