мини|‘ Меѓународно графичко триенале Битола

Меѓународно графичко триенале Битола - ИГТ Битола — меѓународна ликовна манифестација, која има за цел да го популаризира и афирмира современото графичко ликовно творештво.

Формирано е во 1991 година во Битола, Република Македонија, оттогаш е најголема графичка ликовна манифестација во Македонија. По иницијатива на Владо Ѓорески и Љубен Пауноски а оддобрено и поткрепено од претседателот на Р Македонија, Министерството за култура на Р Македонија - Скопје и Оптина битола.Во досегашниот период свое учество имале бројни уметници од светотМеѓународно графичко триенале Битола.

Забележано е како една од позначајните ликовно-графички манифестации во Македонија и поширокоТРИЕНАЛЕThe information resource for printmakersГрафичка уметност.

Покрај самата манифестација, која се случува на секоја трета година, обележано со отворање на поопсежни изложби, Меѓународното графичко триенале, организира и меѓународни проекти, во соработка со други графички центри во светот: на „ 9-тото Триенале на светските оригинални гравури и печат во Шамолиер“ ("9 la Triennale Mondiale de l’Estampe et de la Gravure Originale -Chamalières“), Франција, беше афирмативно претставено и презентирано во нивниот каталог. Во Италија, ја организира меѓународната изложба: „Огледало - Лице в лице Изложба на македонски и италијански автори“ Винченца, Италија, (MIRROR – Face to Face: Italian and Macedonian Artists Exposition 2016 to Vicenza“)MIRROR – Face to Face. Во Битола го организирал проектот - „Современите полски графичари“Современите полски графичари и бројни други.

Меѓународното графичко триенале Битола, објавува обемни каталози за секоја манифестација пооделно9th International Triennial of Graphic Art BitolaCatalogue for 8th International Triennial of Graphic Art, Bitola.

Меѓународното графичко триенале Битола, е ликовно случување со културолошко, уметничко, образовно значење.

Нејзин раководител е Владо Ѓорески

Историја Година Број на учесници Број на држави кои учествувале Каталог 1994 - Прво меѓународно графичко триенале Битола 407 54број на страници: 416; формат: 210 Х 230 мм; печат црно бел; предговор Борис Петковски, ликовно решение на каталогот и плакатот Константин Танчев - ДинкаМеѓународното графичко триенале се одржува од 1994CIP - Каталогизација и публикација, Матична и универзитетска библиотека „Климент Охридски“, Битола, 76.036(100)060.64)/ CIP 1997 - Второ меѓународно графичко триенале Битола 628 73број на страници: 195; формат: 210 Х 290 мм; печат колор; предговор Лилјана Христова, ликовно решение на каталогот и плакатот Константин Танчев - Динка 2000 - Трето меѓународно графичко триенале Битола 426 62број на страници: 240; формат: 220 Х 200 мм; печат колор; предговор Владо Ѓорески, ликовно решение на каталогот и плакатот Владо Ѓорески, Христо Бојаџиев ISBN 9989- 9896-1-34. Меѓународно графичко триенале Битола. 2003 - Четврто меѓународно графичко триенале Битола 546 70број на страници: 252; формат: 220 Х 200 мм; печат колор; предговор Владо Ѓорески, ликовно решение на каталогот и плакатот Владо Ѓорески, Христо Бојаџиев 4. Меѓународно графичко триенале Битола. 2006 - Петто меѓународно графичко триенале Битола 572 62број на страници: 228; формат: 220 Х 200 мм; печат колор; предговор Владо Ѓорески, ликовно решение на каталогот и плакатот Владо Ѓорески, Христо Бојаџиев ISBN 9989- 242-5-35 Меѓународно графичко триенале Битола. 2009 - Шесто меѓународно графичко триенале Битола750 49број на страници: 358; формат: 220 Х 200 мм; печат колор; предговор Владо Ѓорески, ликовно решение на каталогот и плакатот Владо ЃорескиCIP - Каталогизација и публикација, Национална и универзитетска библиотека „Климент Охридски“, Скопје, 76.037/038(060.64)/ CIPISBN 978- 608-4522-16-46 Меѓународно графичко триенале Битола. 2012 - Седмо меѓународно графичко триенале Битола 750 64број на страници: 349; формат: 220 Х 200 мм; печат колор; предговор Владо Ѓорески, ликовно решение на каталогот и плакатот Владо Ѓорески7 Меѓународно графичко триенале Битола. 2015 - Осмо меѓународно графичко триенале Битола 910 92број на страници: 472; формат: 220 Х 200 мм; печат колор; предговор Владо Ѓорески, ликовно решение на каталогот и плакатот Тодор ЃорескиISBN 978- 608-4754-03-98 Меѓународно графичко триенале Битола. 2018 - Деветто меѓународно графичко триенале Битола1200 156број на страници: 1001; формат: 220 Х 200 мм; печат колор; предговор Владо Ѓорески, ликовно решение на каталогот и плакатот Тодор ЃорескиCIP - Каталогизација и публикација, Национална и универзитетска библиотека „Климент Охридски“, Скопје, 76.037/038 (100) (060.64)/ CIPISBN 978- 608-245-279-19 Меѓународно графичко триенале Битола.

Надворешни врски Triennial of Graphic ArtBtiola, Republic of Macedonia Kunst Aspecte International Triennial of Graphic Art, Bitola Kunst Aspecte Dans le monde Графичкото триенале Графичкото триенале во Битола

Наводи

Категорија:Ликовна уметност Категорија:Култура на Битола Категорија:Културни манифестации во Македонија