Јосиф Руњанин или Јосип Руњанин (; , – , ) — хрватски композитор.
Животопис Јосиф Руњанин е роден во Винковци, во тогашната Хабсбуршка Монархија, но по потекло бил од селото Руњани кај Лозницаwww.glas-javnosti.rs ,. Бил крстен во православната црква „Слегувањето на Светиот Дух“, затоа што потекнувал од цинцарско семејство кое пребегнало од Србија.
Од Винковци, се преселиле во Бијељина, а потоа во Славонија. Во Сремски Карловци завршил средно образование, по што се определил за воена професија.2. veljače 1878. umro Josip Runjanin – skladatelj hrvatske himne.
Од 1847 година, до своето пензионирање, напредувал во воената служба и тоа од кадет до потполковник. Еден период бил и во полкот на Јосип Јелачиќ.
Творештво Создавањето на хрватската химна
Руњанин, музичкото образование го стекнал кај воениот капетан во Глина, каде што свирел на клавир. Овде, често го посетувал друштвото на илирските родољуби, кои пак одржувале литературни собири читајќи дела на илирски писатели. Тука, за првпат ја слушнал песната на Антун Михановиќ - „Хрватската татковина“. Како хрватска химна првпат била изведена на Хрватско-славонската изложба во Загреб во 1891 година, во време кога никој од авторите не бил жив.
Денес, Јосиф Руњанин го сметат за автор на композицијата „Убава наша татковино“ - (Lijepa naša domovino), денешната химна на ХрватскаJosip Runjanin – skladatelj hrvatske himne – 1821/.
Според изјавата на неговиот роднина Никола Руњанин, мелодијата била „инспирирана“ од мелодијата на една италијанска композиција, а музикологот Кухач, подоцна открил дека тоа е сосема слободна преработка на дуетот од третиот чин од операта Луција од Ламермур на Гаетано ДоницетиRunjanin, Josip
Други дела Неговиот опус не е голем, но сепак останал запаметен по композицијата на хрватската химна.
Создал неколку хорски напеви, меѓу кои поистакнати се: „Те сакаме Наша Гордост“, посветена на Јосип Јелачиќ.
Руњанин умрел во Нови Сад во 1878 година и бил закопан на Успенските гробишта.
Наводи
Надворешни врски Жизнь и смерть Йосипа Рунянина Живот и смрт композитора „Лијепе наше“
Категорија:Хрватски композитори Категорија:Луѓе од Нови Сад Категорија:Починати во 1878 година