Јоже Плечник (), (, - , ) — словенечки архитект.
Животопис Од 1894 до 1897 студирал кај виенскиот архитект Ото Вагнер и работел во Вагнеровата архитектонска фирма. Додека бил во студиото на Вагнер, Плечник, се инспирирал од виенската сецесија, позната по користењето на нови, органски модели, геометриски, флорални орнаменти и оригинална естетика и декоративностJože Plečnik.
Од 1900 Плечник продолжил да создава во Виена, работејќи на проектите - „Куќата Лангер“ (1900) и станбениот блок „Цахерл“ (1903 -1905). Овие рани проекти се одликуваат со рационална организација и планирање, типични за Вагнеровите архитектонски концепти и проекти. Забележлив од тој период е неговиот проект и реализација на црквата на „Светиот Дух“ (Виена, 1910-1913), која е значајна со иновативното користење на лиен бетон.
Архитект Покрај споменатите дела кои ги проектирал во Виена, тој работел и во Чешка, во Прага, најмногу и највпечатливо врз „Претседателската резиденција“, како и на црквата - „Срцето Исусово“Read more https://pragitecture.eu/tag/joze-plecnik The Prague Vitruvius/,Joze Plecnik, the Slovenian born architect
Од 1921 година се вратил во Љубљана, поточно го сконцентрирал севкупното свое творечко работење кон целосното урбанистичко, архитектонско и естетско уредување на градот.
Од тој период сè до неговата смрт, по Втората светска војна, создал оригинални и специфични архитектонски дела: „Тромостовјето“, „Градскиот пазар“, опкружен со елегантни аркади, уредувањето на севкупниот потез на реката Љубљанчица низ централното подрачје на Љубљана, „Универзитетската библиотека“Plečnik, Jože, комплексот на паркови „Тиволи“, „Чевларскиот мост“, љубљанските гробишта Жале, новиот „Магистрат“, бројни детали, распространети низ централното градско јадро: скулптурални столбови, цилиндри и други оригинални, поетични, амбиентални назнаки и украсиPlečnik, Jože,„Академскиот колегиум“, „Фестивалската сала“, Црквата Св. Михаил на Барје, Бареговото семениште и други.
Работејќи на овие објекти, Плечник, успеал да ја промени амбиенталната визура на централниот дел од градот како и Љубљанскиот град – Замокот. Работел и во Загреб, Белград и на повеќе други места/.
Интересот за неговото творештво сè повеќе е присутен и сè повеќе се превреднува, во најафирмативна смислаJože Plečnik Akademik, arhitekt, oblikovalec, prejemnik Prešernove nagrade/,Plečnik, Jože, akademik (1872–1957)/. Во Европа биле организирани кон крајот на дваесеттиот век неколку поопсежни изложби, на кои било претставено неговото творештво, естетика, архитектонско и урбанистичко размислување. Поистакнати биле изложбите организирани во Париз и Прага
Во 2018 година во Прага, под покровителство на УНЕСКО, посмртно му била доделена европската награда за архитектура. Со ова признание, културната јавност го вбројува во најистакнатите архитекти на дваесеттиот век во Европа.
Творештво „Куќата Лангер“, Виена, 1900-1901 „Куќата Захерл“, Виена, 1903-1905 „Црквата на Светиот Дух“, Виена, 1908-1913 „Прашкиот замок“ (разновидни проекти), Прага, 1920-1934 „Рајските градини“, во „Прашкиот замок“, 1920-1926 „Црквата на Светотото срце Исусово“, Винохради, 1921-1923 Стадионот за атлетика - „Бежиградски стадион“, Љубљана, 1923-1939 „Црква Свети Фрањо“, Љубљана, 1925-1927 Домот за труд и индустрија, Љубљана, 1925-1927 „Црквата Свети Михаил“, Чрна, 1937-1939 Банката во Цеље, 1927-1930 Словенечкиот осигурителен завод, Љубљана, (1928-1939 Мостот „Тромостје“, Љубљана, 1929-1932 Националната и универзитетска библиотека, Љубљана, 1930-1941 Мостот „Чевелрски“, Љубљана, 1931-1932 Куќата „Пеглезен“, Љубљана, 1932-1934 Гробиштата Жале, Љубљана, 1937-1940 Централниот пазар во Љубљана, 1939-1942 Средното училиште „Уршуланка“, Љубљана, 1939-1940 „Крижанки“, Љубљана, 1952-1956
Галерија
Наводи
Надворешни врски Зденек Лукеш „ВНЕВРЕМЕННАЯ АРХИТЕКТУРА ЙОЖЕ (2017) ПЛЕЧНИКА“https://www.radio.cz/ru/rubrika/bogema/vnevremennaya-arxitektura-jozhe-plechnika JOŽE PLEČNIK: IZ LJUBLJANSKE ŠOLE ZA ARHITEKTURO (1925) https://www.pahor.de/joze-plecnik-iz-ljubljanske-sole-za-arhitekturo.html Virtual museum of Jože Plečnik Jože Plečnik on Architectuul
Категорија:Словенечки архитекти Категорија:Членови на Словенечката академија на науките и уметностите Категорија:Добитници на Прешерновата награда