Основно училиште „Св. Климент Охридски“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Св. Климент Охридски“ - Суводол; скратено: ПООУ „Св. Климент Охридски“) — подрачно основно училиште во селото Суводол, составен дел на истоименото училиште од градот Македонски Брод.

Училиштето е именувано по македонскиот светец и просветител Свети Климент Охридски.

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Суводол, во близина на црквата „Св. Никола“.

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Македонски Брод Суводол Категорија:Суводол (Порече)