Основно училиште „Св. Климент Охридски“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Св. Климент Охридски“ - Самоков; скратено: ПООУ „Св. Климент Охридски“) — подрачно основно училиште во селото Самоков, составен дел на истоименото училиште од градот Македонски Брод.
Училиштето е именувано по македонскиот светец и просветител Свети Климент Охридски.
Местоположба
Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Самоков, на почетокот од некогашниот општински центар на поранешната истоимена општина.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Македонски Брод Категорија:Училишта посветени на Свети Климент Охридски Категорија:Самоков