мини| Стела со името на Ранеб Ранеб или Небра бил фараон за време на Втората династија на Египет. Се тврди дека со Египет владеел 39 години,William Gillian Waddell: Manetho (The Loeb classical Library, Volume 350). Harvard University Press, Cambridge (Mass.) 2004 (Reprint), , page 37–41. но таква голема бројка не може да се потврди врз основа на неколку пронајдени артефакти датирани од неговото време. Некои од книгите го нарекуваат Небра.

Неговото име доаѓа од името на богот Ра, кое понекогаш се пишувало и Ре, па неговото име значи „Син на Ра“.

Името Небра се појавува на неколку камени садови, повеќето направени од алабастер и мермер, пронајдени во Абидос, Гиза и Сакара. На сите најдени предмети неговото име е напишано заедно со имињата на неговиот претходник, Хотепсехемви или со името на неговиот наследник, Нинечер. Името Ранеб, односно Небра, никаде не е напишано самостојно.Toby A. H. Wilkinson: Early Dynastic Egypt. Routledge, London/New York 1999, , p. 87. Претходник: ХотепсехемвиЕгипетски фараон Втора династија Наследник: Нинечер

Наводи

Категорија:Фараони од Втората египетска династија