мини|Топографска карта на Хрватска|алт=|350x350px Топографија на Хрватска е дефинирана преку три главни геоморфолошки делови на земјата. Тие се Панонската Низина, Динаридите и јадранското крајбрежје. Најголемиот дел од Хрватска се состои од низини, со надморска височина помала од 200 метри во 53,42% од целата земја. Најголемиот дел од низините се наоѓаат во северните региони на земјата, особено во Славонија, која е дел од Панонската Низина. Рамнините се прошарани од хорстови и грабени, за кои се верува дека во минатото биле острови во тогашното Панонско Море. Најголемата концентрација на терен со релативно високи надморски височини се наоѓа во Лика и Горски Котар во Динаридите, но такви области се наоѓаат во сите делови на Хрватска до одреден степен. Динаридите ја имаат највисоката планина во Хрватска — Динара, висока 1831 метри, како и други планини со височина поголема од 1500 метри. Хрватското јадранско крајбрежје е долго 1777,3 километри, додека неговите 1246 острови и островчиња опфаќаат уште 4058 километри од крајбрежјето. Затоа хрватското крајбрежје е најназабеното (најзасеченото) крајбрежје во целото Средоземје. Карстовата топографија сочинува околу половина од територијата на Хрватска и е особено истакната во Динаридите, како и низ крајбрежните области и островите.

Геоморфолошки единици Најголемиот дел од територијата на Хрватска се состои од низини, со надморска височина помала од 200 метри во 53,42% од целата територија на земјата. Низините се наоѓаат во северните региони на земјата, особено во областа Славонија, која е дел од Панонската Низина. Територија со надморска височина од 200 до 500 метри чини 25,61% од територијата на Хрватска, а областите помеѓу 500 и 1000 метри надморска височина чинат 17,11% од земјата. Дополнителни 3,71% од земјата се наоѓаат на надморска височина од 1000 до 1500 метри, а само 0,15% од територијата на Хрватска има надморска височина над 1500 метри. Најголема концентрација на терен со релативно високи надморски височини се наоѓа во областите Лика и Горски Котар во Динаридите, но таквите области се наоѓаат во скоро сите региони на Хрватска до одреден степен. Панонската Низина и Динаридите, заедно со јадранското крајбрежје, претставуваат главните геоморфолошки делови на Хрватска.

Јадранско крајбрежје лево|мини|Националниот парк Корнати|алт=|290x290пкс Хрватското крајбрежје на Јадранското Море е долго 1777,3 километри, додека неговите 1246 острови и островчиња сочинуваат уште 4058 километри од крајбрежјето. Растојанието помеѓу екстремните точки на крајбрежјето на Хрватска изнесува 526 километри. Бројот на острови ги опфаќа сите острови, островчиња и карпи од сите големини, вклучувајќи ги и оние кои се појавуваат само при осека. Островите ги вклучуваат најголемите во Јадранското Море—Црес и Крк, секој од нив зазема 405,78 квадратни километри, и највисокиот—Брач, чиј врв достигнува 780 метри надморска височина. Островите вклучуваат 48 трајно населени, а најнаселени меѓу нив се Крк и Корчула.

Хрватското крајбрежје е најназабеното (најзасеченото) во Средоземјето. Поголемиот дел од брегот се одликува со карстна топографија, развиена од Јадранската карбонатна платформа. Кастрификацијата во голема мера започнала после конечното подигнување на Динаридите во Олигоценот и Миоценот, кога карбонатните депозити биле изложени на атмосферски ефекти, проширувајќи се на ниво од 120 метри под сегашното морско ниво, изложено за време на Последниот леднички максимум. Се проценува дека некои карстни формации се поврзани со претходни потопувања, особено во периодот на Месинската криза на соленост. Најголемиот дел од источниот брег се состои од карбонатни карпи, додека флишот е значително застапен на Кварнерскиот Залив од спротивната страна на Крк. Постојат релативно мали алувијални области на јадранскиот брег во Хрватска, особено делтата на реката Неретва. Западна Истра постепено тоне, така што има потонато 1,5 метри во последните две илјади години. Во средниот јадрански басен постојат докази за вулканизам од периодот на Перм, забележано во областа Комижа на островот Вис и вулканските острови Јабука и Брусник.

Динариди мини|Поглед на Динара од Книн|алт=|350x350пкс Формирањето на Динаридите е поврзано со доцната Јура со релативно понова серија на планински подножја во непосредна близина на ороген појас, кој се јавува како резултат на контракциона тектоника, а самиот е дел од алпската орогенеза, која се протега југоисточно од јужните Алпи. Динаридите во Хрватска го опфаќаат целиот регион на Горски Котар и Лика, како и значителни делови од Далмација. Тие се протегаат од нивниот североисточен крај, кај планината Жумберак (1181 метри надморска висина) до регионот Бановина, по течението на реката Сава, па сѐ до нивните најзападни формации Чичарија (1272 метри надморска висина) и Учка (1396 метри надморска висина). На Динаридите се наоѓа највисоката планина во Хрватска—планината Динара, која е висока 1831 метри. Други планини во Хрватска повисоки од 1500 метри се: Биоково, Велебит, Личка Пљешивица, Велика Капела, Рисњак, Свилаја и Сњежник.

Околу половина од територијата на Хрватска е сочинета од карстна топографија, а таа е особено застапена во Динаридите. Во Хрватска има голем број на пештери, од кои 49 се подлабоки од 250 метри, 14 се подлабоки од 500 метри, а три се подлабоки од 1000 метри. Најдолгата пештера во Хрватска, Кита Гаќешина, е истовремено и најдолга пештера во Динаридите, со должина од 37.389 метри. Највисоки планински врвови во ХрватскаПланинаВрвНадморска височинаКоординатиДинараДинара1831 метриБиоковоСвети Јуре1762 метриВелебитВагански врх1757 метриПљешивицаОзеблин1657 метриВелика КапелаБјелоласица – Кула1533 метриРисњакРисњак1528 метриСвилајаСвилаја1508 метриСњежникСњежник1506 метри

Панонска Низина мини|Низина во Славонија|алт=|379x379пкс Панонската Низина е формирана во текот на Миоценот со истенчување и слегнување на кората формирана во текот на доцната палеозојска Херцинска (варисцинска) орогенеза. Палеозојските и мезозојските структури се видливи на планината Папук и другите планини во Славонија. Процесите, исто така, довеле до формирање на стратовулкански синџир во басенот пред 17-12 милиони години и интензивирано слегнување забележано до пред 5 милиони години, како и базалтни карпи пред околу 7,5 милиони години. Современото подигнување на Карпатските Планини го отсекло протокот на вода до Црното Море и така се формирал басенот на Панонското Море. Седименти биле транспортирани во басенот од издигнатите Карпатски и Динарски планини, со особено длабоки флувијални седименти, кои биле депонирани во Плеистоценот, за време на издигнувањето на Трансдунавските планини. На крај, бил депониран 3000 метри висок седимент во басенот, а морето било издренирано преку Ѓердапската Клисура.

Резултатот на овие процеси се широките рамнини во источна Славонија, Барања и Срем, како и речните долини, посебно долж реките Сава, Драва и Купа. Рамнините се прошарани од хорстови и грабени, за кои се верува дека во минатото биле острови во тогашното Панонско Море. Највисоките меѓу нив се брдата: Иваншќица (1059 метри) и Медведница, северно од Загреб, висока 1035 метри и Псуњ во Хрватско Загорје, висок 984 метри, а највисокиот меѓу славонските планини е Папук, кој го обиколува градот Пожега и е со висина од 953 метри. Псуњ, Папук и Крндија се состојат главно од палеозојски карпи кои се стари околу 350 - 300 милиони години. Пожешка гора, која е во непосредна близина на Псуњ, се состои повеќе од понови неогенски карпи, но исто така постојат и седименти од периодот на Горна Креда и магматски карпи кои го формираат главниот 30-километарски срт на ридот и претставува најголема магматска формација во Хрватска. Помала магматска формација е, исто така, присутна на Папук, во близина на Воќин. Двете формации, заедно со Мославачка Гора се можни остатоци на вулкански лак, кој се поврзува со издигнувањето на Динаридите.

Поврзано

Географија на Хрватска

Наводи

Категорија:Географија на Хрватска