Актуелниот Устав на Република Србија (српски: Устав Републике Србије / Ustav Republike Srbije), исто така познат како Митровденски устав (српски: Митровдански устав / Mitrovdanski ustav) — устав кој бил усвоен во 2006 година, заменувајќи го претходниот устав од 1990 година. Усвојувањето на новиот устав станало неопходно во 2006 година кога Србија станала независна по отцепувањето на Црна Гора и распаѓањето на Србија и Црна Гора. Овој устав не се однесува на самопрогласената Република Косово која прогласила независност во 2008 година.

Предложениот текст на уставот бил усвоен од страна на Народното собрание на 30 септември 2006 година и бил одржан референдумот кој се одржал на 28 и 29 октомври 2006 година. 53,04% од електоратот го поддржал предложениот устав кој официјално бил усвоен на 8 ноември 2006 година.

Главни одредби Разликите меѓу сегашниот и претходниот устав се:

Се признава само приватна, корпоративна и јавна сопственост; социјалните средства престануваат да постојат. На странските државјани им е дозволено да поседуваат имот. Целосната независност се доделува на Народна банка на Србија. Како дел од процесот на децентрализација, се доделува сопственичките права на општинските имоти на локалните општини. Провинцијата Војводина добива ограничена финансиска автономија. Уставот за првпат ги спомнува европските вредности и стандарди. Уставот го признава српскиот јазик и српската кирилица како службен јазик и писмо во употреба, соодветно. Усвојување на државната химна (Боже на правдата). Посебна заштита за правата на потрошувачите. Поголема слобода на информации. Бракот се дефинира како заедница меѓу маж и жена

Наводи

Надворешни врски

Constitution of the Republic of Serbia in HTML format Constitution of the Republic of Serbia in PDF format Previous Constitution of Serbia (1990)