Башкирски коњ – коњска раса на башкирскиот народ. Главно се одгледува во Башкортостан, автономна република во рамките на Руската Федерација која се наоѓа во јужните Уралски Планини и западно. Главниот центар на расата е главниот град Уфа.

Историја Потеклото на башкирскиот коњ не е познато. Во 19 век била призната неговата економска вредност и биле преземени чекори да се зголемат неговите работни способности и неговите традиционални квалитети како животно од кого се добива млеко и месо. Центри на расата биле воспоставени во 1845 година.

Башкирскиот коњ бил вкрстен со други раси од бившиот СССР како што бил рускиот тежок запрежен коњ. Биле направени и експериментални вкрстувања со казашки и јакутски коњи.

Башкортостан има трета најголем популација на коњи од федералните единици во Русија, по Алтајски Крај и Јакутија. Во 2003 година биле евидентирани 94.470 грла башкирски коњи.

Особености Башкирскиот коњ е мал коњ, висок 142 cm на гребенот. Има широко тело и длабоки гради, со просечна торакална обиколка од околу 180 cm. Има голема глава и краток врат, низок гребен и рамен грб. Нозете му се куси со тешки коски, коските на нозете може да достигнат обиколка од 20 cm. Најчести бои на башкирскиот коњ се дорија, костенлив, сив и пепелав. Гривата и опашката се густи, а исто така и крзното им е густо и често кадраво. Двегодишна студија објавена во 1990 година северноамериканскиот кадрав коњ, кој исто така има кадраво крзно и може да се нарече „американски башкирски кадрав коњ“, потекнува од башкирската раса

Постојат два различни видови башкирски коњ: помал, полесен планински вид кој главно се користи за јавање и потежок степски вид

Башкирскиот коњ е извонредно отпорен. Крдарите се одгледуваат екстензивно и остануваат на отворено во зима на снег и мраз кога температурите може да достигнат -40 °C.

Користење Башкирскиот коњ се користи за јавање и носење товар, во запрега и за земјоделски работи. Покажува извонредна издржливост, постојат запис за башкирски коњи кои влечат тројка, санки со три коња на растојанија од 120 до 140 km на ден.

Башкирските кобили даваат изобилство на млеко. Просечен годишен принос на млеко е 1500 или 2100 кг при лактација од 240 дена, а најдобрите грла кобили достигнуваат и 2700 кг. Голема количина од млекото се преработува во кумис. Спремањето на кумис е национална активност на башкирскиот народ.

Од влакната собрани од чешлањето на густото зимско крзно на овие коњи може да се исткае ткаенина.

Галерија

Наводи

Категорија:Коњски раси Категорија:Коњски раси по потекло од Русија