Основно училиште „Гоце Делчев“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Гоце Делчев“ - Долни Липовиќ; скратено: ПООУ „Гоце Делчев“) — подрачно основно училиште во селото Долни Липовиќ, составен дел на истоименото училиште од селото Конче.
Училиштето е именувано по македонскиот национален херој Гоце Делчев.
Местоположба
Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Долни Липовиќ.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Конче Долни Липовиќ Категорија:Долни Липовиќ