За геолошкиот период, видете Перм (период).
Перм (руски: Пермь) — град во Русија. Население: 1,001,653 (2002). Градот е административен центар на Пермскиот крај.
Градот бил основан во 1723.
Историја Перм за првпат се споменува како село Јагошиха () во 1647; сепак, историјата на современиот град Перм започнува со развојот на Уралскиот регион од царот Петар Велики. Василиј Татишчев, го основал Перм заедно со Екатеринбург, значаен центар на Уралскиот регион.
Во 19 век, Перм станал голем трговски и индустриски центар со население од над 20,000 жители во 1860-те, со неколку фабрики за производство на металургија, хартија, и парабродови, вклучително и една во сопственост на британски претприемач. Во 1870 била отворена опера, а во 1871 била отворена првата фабрика за фосфор во Русија. Во 1916, бил отворен Пермскиот државен универзитет, значајна образовна институција во современа Русија.
Наводи
Категорија:Градови во Русија Категорија:Преименувани населени места во Русија Категорија:Населени места основани во 1723 година