Свети Христофор — главна манастирска црква на Крстоарскиот манастир во битолското село Крстоар, Македонија.
Местоположба
Црквата е сместена на околу 5,5 километри од градот Битола. До него води асфалтен пат, најпрвин до селото Крстоар. Од селото, асфалтниот пат продолжува во должина од еден километар, на моменти стрмен и тесен.
Дополнително, до манастирот може да се пристигне и преку соседното село Буково, од каде преку црквата „Воведение на Пресвета Богородица“, води пешачка патека.
Манастирот всушност е изграден на местото на старото село Крстоар, кое се наоѓа на 1 километар западно од денешното село, во месноста Габавци. Тоа мало село било напуштено кон крајот на век.
Историја
Црквата била подигната во четвртата декада од век. Сепак, при мониторинг извршен во 2022 година, како година на изградба на манастирот е наведена 1837 година.
Манастирот е доста стар и се верува дека е постар од селото Крстоар и со тоа дека името на манастирот „Св. Христофор“ е потеклото на името на денешното село.
Манастирот настрадал за време на Првата светска војна. Претрпела сериозна обнова во 1926 година.
Архитектура
Претставува прилично голема еднокорабна градба, со петстрана апсида на исток и влезови кон наосот од западната и северната страна, а директно во олтарниот простор може да се влезе преку посебната врата на југоисточната страна.
Историјата на храмот е испишана на мермерната плоча на фасадата над северниот влез.
Градбата на црквата е во многу лоша состојба, додека на останатите објекти во комплексот е задоволителна. На црквата е забележана делумна дислокација на јужниот фасаден ѕид и деформација на покривот, поради што има прокиснувања внатре. Истовремено, поради влага и подземна вода има оштетувања на долната зона од фасадата. Потребна е конзервација и реставрација на црквата.
Фрескоживопис
Живопис се забележува и на надворешноста, односно има насликана претстава на Свети Христофор над западниот влез. Насликан е во медалјон, претставен во цел раст со повеќето негови атрибути. На рамото го носи малиот Христос, додека во едната рака држи копје, а со левата го придржува маченичкиот крст. Покрај тоа, запишана е 1926 година како година на сликање на претставата.
Во храмот нема сочувано ѕидно сликарство од изградбата на црквата. Оној живопис што може да се сретне во апсидата на црквата и на темето од сводот, насликано е за време на нејзината обнова во 1926 година.
Sидното сликарство било изведено од страна на С. Николиќ(ов) Тасевски. Тоа е во многу лоша состојба кај наосот, додека во олтарниот простор е во катастрофална состојба, особено претставата на Богородица и потребно е итно преземање на конзерваторски зафати.
Иконостас
Иконостасот во црквата бил направен во третата декада од век. Бил направен со три реда на икони, царски двери и високи врати на јужниот и на северниот дел.
Во црквата се зачувани само неколку празнични икони од век.
Галерија
Историски фотографии
Поврзано Битолско архијерејско намесништво Бистричка парохија Крстоар
Наводи
Надворешни врски
Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија
Крстоар Категорија:Крстоарски манастир