Саат-кула (Ресен) — поранешно времемерно здание во градот Ресен.
Била сместена во центарот на градот, во срцето на чаршијата.
Историја
Не се знае кога била изградена. Истата изгорела во 1908 година за време на Младотурската револуција, кога ресенската чаршија била запалена од Нијази-бег.
Српскиот патописец Јован Хаџи Василевиќ го посетил Ресен двапати, во 1897 и 1912 година. Во неговото дело „Ресен и неговата околина“, објавено во 1927 година, за ресенската саат-кула напишал дека ѕвоното на кулата е донесено од страна на Турците од црква кај Лева Река.
Обнова
Во 2012 година, градот Ресен решил да постави часовник на камбанаријата на градската црква „Св. Ѓорѓи“.
Наводи
Категорија:Знаменитости во Ресен Ресен