ДД Синтезис, или само Синтезис - македонска етно-група, основана во 1994 година.
Творештво Групата во своето музицирање ги користи речиси сите македонски традиционални инструменти – кавал, гајда, зурла, тапан, тарабука, тамбура, а уникатната звучна слика, покрај современите клавијатурни инструменти, ја надополнуваат и трите женски гласови кои пеат во духот на женското групно пеење од старата македонска селска традиција. Првобитната постава на групата ја сочинувале: Драган Даутовски, Гоце Димовски, Ване Јовчев, Марјан Јовановски, Гоце Узунски, Радослав Шутевски, Ангеле Димовски, Анета Шуланковска, Билјана Ристовска и Мирјана Јошевска.DD Synthesis, SJF Records, 1996.
Синтезис имаат настапувано и одржано концерти со Тоше Проески, имаат и две заеднички песни Ој девојче и Жена Балканска имаат и заеднички албум во 1999, со Наум Петрески имаат заедничка песна Што си Лено гајлелија и заеднички албум во 2011 година.
„Синтезис“ одржале бројни концерти низ Македонија, а настапувале и во Унгарија, Словенија, Австрија, Италија, Германија, Грција, Србија и Црна Гора, Португалија, Шпанија, Белгија, Полска, Франција, Шведска, Соединетите Американски Држави, Јапонија и Австралија.
Групата има објавено четири албуми, а нивните композиции се наоѓаат и на познати европски компилации.
Дискографија DD Sythesis (1996)
Спотови СпотГодинаРежисер Во наше село 2000 Томато продукција Ме фатије 2001 Томато продукција Блазена горо зелена 2008 Помолила бога Маца 2008 Игор Џамбазов Думердија 2012 Што си толку Лено гајлелија 2013 Јано јановице 2017 Мома Катерина 2020
Наводи