Јоханес Фојгтман (германски: Johannes Voigtmann; Ајзенах, 30 септември 1992 ) е германски кошаркар, центар на ЦСКА Москва.

Кариера Фојгтман ја започнал својата кариера во 2010 година со екипата на Сајанс Сити Јена и останал таму две сезони. Во 2012 година потпишал двегодишен договор со Скајлајнерс од Франкфурт, а во 2014 година соработката со нив била продолжена за уште две сезони. Во дресот на Скајлајнерс во сезоната 2015-2016 го освоил во ФИБА Купот на Европа. Во јуни 2016 година потпишал за Саски Басконија, каде одиграл три сезони. Од јули 2019 година игра за ЦСКА Москва.

Тој настапил за репрезентација на Германија на Европското првенство 2015 и 2017 година.

Титули и награди Клупски Скајлајнерс ФИБА Куп на Европа : 1 2015-2016

Поединечни Учесник на Ол-стар натпревар во германската Бундеслига (2): 2015, 2016

Надворешни врски Профил на страницата на Евролигата

Категорија:Родени во 1992 година Категорија:Германски кошаркари Категорија:Луѓе од Ајзенах Категорија:Играчи на КК Басконија Категорија:Играчи на КК ЦСКА Москва Категорија:Живи луѓе