Рајнер Шутлер317x317пкс|Рајнер ШутлерРајнер Шутлер Професионална кариера:1995 — 2012Држававрска=|алт=|граничник|23x23пкс Германија ЖивеалиштеАлтштетен, ШвајцаријаДатум на раѓање(1976-04-25)25. април 1976. )Место на раѓањеКорбах, Германија Висина1,80 Маса70 ИграДесна ракаЗарабптка7.407.508 $ПоединечноПобеди—порази:327 – 337Освоени турнири:4Изгубени финалиња:8Најдобар пласман:Бр. 5 (26 април 2004) Рајнер Шутлер (германски: Rainer Schüttler; 25 април 1976 во Корбах, Германија) е поранешен германски тенисер .

Кариера Ја започнал својата професионална кариера во 1995 година. Најголемиот успех го постигнал во 2003 година, кога стигнал до своето прво и единствено гренд слем финале во кариерата, пласирајќи се во натпреварот за титулата на Отвореното првенство на Австралија, но таму бил лесно победен од Андре Агаси со 3-0 по сетови 2–6, 2–6, 1–6.

Тој, исто така, освоил сребрен медал на Олимписките игри во 2004 година, играјќи во двојки со сонародникот Николас Кифер.

Во својата кариера Шутлер освоил четири турнири: 3 на тврда подлога и еден на тепих.

Најдобриот пласман на АТП листата го остварил во април 2004 година, кога бил петти играч.

На 11 октомври 2012, објавил дека официјално се повлекува од активното играње тенис.

Гранд слем финалиња Поединечни: 1 (0-1) Исход Година Турнир Поставата Противник во финалето Резултат Пораз 2003 Отворено првенство на Австралија Тврда подлога Андре Агаси 2-6, 2-6, 1-6

АТП мастерс финалиња Поединечни: 1 (0-1) Исход Година Турнир Противник Резултатот Пораз 2004 Монте Карло Гилиермо Корија 2-6, 1-6, 3-6

Надворешни врски

Рајнер Шутлер на мрежното место на АТП Рајнер Шутлер на мрежната страница на ИТФ

Категорија:Германски тенисери Категорија:Родени во 1976 година Категорија:Живи луѓе