Марвин Фридрих (германски: Marvin Friedrich, роден на 3 декември 1995 во Касел) — германски фудбалер, на .

Технички одлики Фридрих е разновиден играч од одбраната, кој најчесто игра како централен дефанзивец но може да игра и на десната и левата бековска позиција. По овие технички одлики тој е доста сличен на својот поранешен соиграч од Шалке 04, Бенедикт Хеведес. Силата, трчањето и тактичката интелигенција на фудбалскиот терен, се само некои од неговите најголеми квалитети.

Клупска кариера Во 2011 година, Фридрих се приклучил на младинската академија на Шалке 04 . Тој го направил своето деби на Бундеслигата на 13 септември 2014 година против Борусија Менхенгладбах во поразот од 4-1.

На 17 јуни 2016 година, било објавено дека Фридрих му се придружил на Аугсбург на тригодишен договор.

Во јануари 2018 година, Фридрих се преселил во Втората Бундеслигата, во редот на Унион Берлин на 2½ годишен договор до лето 2021 година. Аугсбург обезбедил опција повторно да го потпише Фридрих.

Репрезентативна кариера Фридрих го имал своето деби за германската национална екипа под-19 фудбалска 16 април 2014 година со победа од 5-2 над белгиската фудбалска репрезентација под 19 години во кој Фридрих влегол на 60-тата минута. Фридрих бил во репрезентативниот тим на Германија под 19 на Европското првенство на 19 јуни во Унгарија и имал два кратки настапи.

Наводи

Категорија:Фудбалски централни дефанзивци Категорија:Фудбалери на ФК Аугсбург Категорија:Фудбалери на ФК Шалке 04 Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Германски фудбалери Категорија:Луѓе од Касел Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1995 година