мини|десно|250п|Чевлар во Битолската чаршија, 2025 г. Чевларство или кондураџиство — традиционален занает на изработка или поправка на обувки. Денес изработката е речиси целосно потисната од индустриското производство, па занаетот претежно се состои од поправка на обувки, а вистинските изработувачи на чевли се реткост и многу скапи.
Чевларите (наречени и „кондураџии“) изработуваат разни обувки, како што се чевли, чизми, сандали, кломпи, мокасини и др. Овие предмети се прават од кожа, дрво, гума, пластика, јута и други растителни материјали и често содржат повеќе делови (или слоеви) за поголема трајност на ѓонот, на кој се зашива кожата.
Чевларите користат чевларски калап на кој ги изработуваат чевлите. Тој може да биде железен или дрвен. Некои чевларски калапи се прави, додека други се свитливи, и затоа постојат во пар: еден за леви и еден за десни чевли. Денешните чевлари можат да користат и материјал од автомобилска гума како евтина алтернатива за изработка на ѓонови.
Кожарско-преработувачки занает
Еден од најчестите занаети во Охридско-струшкиот регион бил чевларскиот занает, кој како современ занает се развил кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Во Охрид најповеќе биле застапени мајстори за изработка на „старовремски“ чевли наменети за турското население. Со нивното раселување, се изменила и модата. Попознати „модерни“ чевлари од тој период биле Никола Филипче, Климе Банде, Сандре Пирузе, Јонче Куртеле и други.д-р Павле Митрески, Занаетчиството во Охридско-Струшкиот регион,1918-1970, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1983, стр.73
Чевларски еснаф Чевларите за време на Турците имале свој еснаф и своја слава, на Св. Спиридон. Овој празник го славеле сè до 1945 година. Во чест на овој празник ги затворале дуќаните и се собирале во некоја мајсторска куќа, според ждрепка.д-р Павле Митрески, Занаетчиството во Охридско-Струшкиот регион,1918-1970, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1983, стр.74 лево|мини|Дрвени чевларски калапи
Чевларството по Првата светска војна По Првата светска војна бројот на чевларите се зголемил. До Балканските војни суровината за изработка на чевли се носела од Солун, преку битолските трговци. Добрите мајстори се служеле со калапи за чевли и со земање мерка. По Првата светска војна се развива модата на носење чевли, па за добрите мајстори секогаш имало работа. Модата доаѓала од Париз, а за такви чевли најголема тешкотија им било снабдувањето со калапи.д-р Павле Митрески, Занаетчиството во Охридско-Струшкиот регион,1918-1970, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1983, стр.75
Алати во чевларскиот занает Алатите со кои се служеле чевларите меѓу двете светски војни биле клешти, ќерпа, шило, нож, дурбија, распа, лабуњо, менѓеме, српин и друго. Овие алати главно се набавувале од странство.д-р Павле Митрески, Занаетчиството во Охридско-Струшкиот регион,1918-1970, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1983, стр.75 мини|276x276пкс|Калап за извлекување на чизми
Интерес за чевларскиот занает За изучување на чевларскиот занает имало голем интерес. Мајсторите имале по двајца калфи кои го изучувале занаетот и биле добро платени. Охридското занаетчиско здружение уште во 1928 година известило дека во Охрид за време на Турците имало 76 чевлари, а во 1928 година нивниот број бил 40. Охридските и струшките чевлари добро поминувале сè додека не се појавиле индустриските чевли на пазарот. Поради тоа преку своите здруженија вршеле притисок да не се отвораат дуќани со индустриски чевли во нивна близина, што драстично ја намалувало цената и прометот. Но, такви продавници се отворале и во најмалите градови.д-р Павле Митрески, Занаетчиството во Охридско-Струшкиот регион,1918-1970, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1983, стр.77/78
Чевларите како тема во книжевноста „Кралот Матија и чизмарот“ — унгарска народна приказна.Мађарске бајке. Београд: Народња књига, 1974, стр. 33-35. „Чудесната чевларка“ — драма на шпанскиот писател Федерико Гарсија Лорка.Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 164. „Чевлар“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин од 1829 година.A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 186. „Ескпрес-Бади“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 128-129.
Поврзано Опинчарски занает Чевли Обувка
Надворешни врски
Чевларска книга — Чевларство по мера: Водич низ чевларството
Наводи
Категорија:Занаети Чевларство