Георг Науе Член на Берлинскиот Јахт КлубBerliner Yacht-Club Георг Науе - поранешен германски морнар кој учествувал на Летните олимписки игри 1900 во Париз. Toj бил член на Берлинскиот Јахт клуб (Berliner Yacht-Club).

На Олимписките игри во 1900 година, тој бил член на екипажот на германската јахта Ашенбродел, која освоила златен медал во вториот круг од класата од 1-2 тони и сребрен медал во слободната класа. Екипажот бил составен од Георг Науе, Хајнрих Питерс, Отокар Вајзе, Пол Виснер. Тој исто така учествувал во трката на класата од 0,5 до 1 тон, но неговиот брод бил измерен дека бил 1.041 тон, па од таа трка Георг Науе со јахтата бил дисквалификуван.

Надворешни врски

Профилот на Георг Науе на Sports Reference.com

Категорија:Германци Категорија:Олимписки натпреварувачи Категорија:Едрење