Лукас Себастијан Тореира Ди Пасква (роден на 11 февруари 1996, во Фрај Бентос) — уругвајски фудбалер, играч од средниот ред на и на уругвајската репрезентација.
Технички карактеритстики Италијанскиот новинар Марко Фанули од il Fatto Quotidiano го опишал на следниов начин: „Мал по раст, но жилав по природа, тој ја започнал кариерата како втор напаѓач, но со текот на времето го поместил својот опсег на дејствување поназад (со техничко-тактичка поддршка од Пескара) станувајќи дефанзивен играч од средниот ред пред одбранбената линија, кој постојано се движи, освојува голем број топки, со вистински спортски и атлетски предиспозиции. Благодарение и на неговите технички вештини, тој успева да ја комбинира „валканата работа“ на деструктивец со посуптилните задачи како организирање на играта. Честопати офанзивниот маневар започнува токму од неговите нозе, демонстрирајќи, одличен карактер и професионален темперамент.“Lucas Torreira, il ragazzo dal moto perpetuo
Во однос на карактеристиките, тој бил споредуван со Лукас Биља, играч за кој самиот Тореира тврди дека е инспириран, како и со Давид Писаро и Валтер Гаргано.
Клупска кариера Почетоци Кариерата ја започнал тренирајќи во Институсион Атлетика 18 јули, фудбалска академија во неговиот роден град во Уругвај, пред на 17-годишна возраст, по совет на пријател, да замине во главниот град Монтевидео на проби во екипата на Вондерерс, клуб од првата лига на земјата; пробите биле успешни и момчето се приклучило на клубот на 15 февруари 2013 година. Уште пред да дебитира за првиот тим, во декември истата година, набљудуван околу една година од скаутот Роберто Друда, тој бил доведен во Италија, во екипата на Пескара, заедно со уште четворица млади Уругвајци. На крајот, Лукас бил единствениот кој ја добил довербата на клубот од Абруцо, со кој набрзо младиот играч потпишал договор.
Пескара
Откако по доаѓањето во Пескара година и половина играл за Примавера тимот (за кој одиграл 28 натпревари со 4 гола), на 16 мај 2015 година, тој го имал своето деби во Серија Б играјќи од првата минута во натпреварот загубен со 2-1 од Варезе, во кој бил распореден од тренерот Марко Барони како офанзивен играч од средниот ред.Varese-Pescara 2-1.
Сепак, во следната рунда, новиот тренер Масимо Одо, кој го тренирал во текот на целата сезона во Примавера, го вратил во средниот ред како плејмејкер во натпреварот добиен со 3-0 против .Pescara-Livorno 3-0 Тој одиграл уште 3 натпревари како стартер во плејофот за промоција, вклучувајќи го и реваншот од финалето кој завршил нерешено, резултат што значел враќање во Серија А на Болоња за сметка на „делфините“.
На 1 јули 2015 година, тој бил целосно купен од Сампдорија, кои одлучиле да го остават на позајмица во Пескара за уште една сезона. На 9 август 2015 година, тој го постигнал својот прв професионален гол во кариерата за време на натпреварот од Купот на Италија во кој Пескара го победила Сидтирол со 2-0.Pescara-Südtirol 2-0 За време на сезоната во Серија Б, тој постигнал 4 гола. На крајот од сезоната, Пескара за разлика од претходната сезона победила во плејофот против Трапани во финалето и обезбедила промоција во Серија А.
Сампдорија Во летото 2016 година, по завршувањето на позајмицата, тој се вратил во Сампдорија која овојпат го задржала во составот. Дебитирал за клубот на 14 август, играјќи како стартер во натпреварот од Купот на Италија, добиен со 3-0 против Басано Виртус. Своето деби во Серија А го имал во првиот натпревар од сезоната 2016-2017, гостинската победа со 1-0 над на 21 август. Првата сезона во дресот на Самп ја завршил со 35 одиграни натпревари, без постигнат гол.
Тој го задржал местото во почетната постава на тимот и во следната сезона, земајќи учество во еден лигашки натпревар повеќе во однос на претходната сезона. На 29 октомври 2017 година, тој ги постигнал своите први голови во италијанската прва лига, постигнувајќи два гола во победата од 4-1 против . Сезоната 2017-2018 ја завршил со 4 гола зад своето име, постигнувајќи голови и против и , со кој ги надополнил одличните настапи кој ги понудил во сезоната.
Арсенал По одличните партии на Светското првенство 2018 во Русија, на 10 јули 2018 година, Тореира преминал во Арсенал во трансфер вреден 30 милиони евра. Своето деби во Премиер лигата го направил на 12 август, влегувајќи како замена во 70-тата минута на местото на Гранит Џака, во поразот со 0-2 на домашен терен од . На 2 декември, Тореира го постигнал својот прв гол за Арсенал и ја освоил наградата за играч на натпреварот против Тотенхем Хотспар кога го искористил додавањето од Пјер-Емерик Обамејанг за да ја протне топката покрај голманот Иго Лорис, со што му го донел на Арсенал четвртиот гол во победата од 4–2 во Севернолондонското дерби. Шест дена подоцна, Тореира го постигнал победничкиот гол за Арсенал во 83-тата минута од успехот со 1-0 над . На 29 мај 2019, тој го започнал во стартната постава на Арсенал финалето на Лига Европа, кое „топџиите“ го загубиле од Челси со 4-1.
По ветувачката прва сезона, на почетокот на втората Тореира се соочил со проблеми да се избори за поголема минутажа. Сепак, тој се вратил во почетната постава по назначувањето на Микел Артета за нов менаџер на клубот. На 2 март, Тореира претрпел тешка повреда на глуждот, која требало да ја заврши неговата сезона, во победата против Портсмут во ФА Купот. Сепак, суспензијата на Премиер лигата поради пандемијата на КОВИД-19 му дала на Тореира доволно време да се опорави и да се врати во форма за продолжувањето на сезоната во јуни; и покрај тој факт, тој играл само повремено до крајот на сезоната.
Позајмиците во Атлетико Мадрид и Фјорентина На 5 октомври 2020 година, Тореира му се приклучил на Атлетико Мадрид на позајмица до крајот на сезоната. На 17 октомври, Тореира го направил своето деби за клубот во победата со 2–0 против Селта Виго во Примера Дивисион. Четири дена подоцна, го направил своето деби во Лигата на шампионите, влегувајќи како замена на местото на Коке во 79-тата минута од поразот со 4-0 на гостувањето кај . На 31 октомври, повторно влегувајќи од клупата, тој го постигнал својот прв гол во дресот на Атлетико во победата со 3–1 на гостувањето кај Осасуна. Сезоната ја завршил со вкупно 26 одиграни натпревари, најчесто влегувајќи од клупата, и еден постигнат гол.
Откако не бил откупен од Атлетико, на 25 август 2021 година, тој повторно бил позајмен од Арсенал, овојпат на Фјорентина, која исто така добила и опција за откуп за 15 милиони евра. На 12 септември, Тореира го направил своето враќање на терените во Серија А по пауза од три години, започнувајќи во стартната постава на тренерот Винченцо Италијано во победата со 2-1 над . Својот прв гол за „виола“ го постигнал на 19 декември во ремито 2-2 против . И покрај позитивната сезона во која забележал 31 настап и постигнал 5 гола во Серија А, по завршувањето на сезоната тој не бил откупен од Фјорентина.
Галатсарај На 9 август 2022, Тореира потпишал четиригодишен договор со турскиот клуб Галатасарај, во транасфер вреден 6 милиони евра. Своето деби го имал на 13 август во натпреварот на гости против Гиресунспор. Со Галатасарај тој го освоил турското првенство во сезоната 2022-2023: победувајќи го Анкарагуџу со 4-1 на гостински терен во натпреварот одигран во 36-то коло на 30 мај 2023 година, Галатасарај го обезбедил насловот на две кола пред крајот на шампионатот и го освоил 23-тото првенство во својата историја. Тореира, кој бил конзистентен во својата прва сезона во клубот, одиграл 34 официјални натпревари и бил наречен „Атомска мравка“ од навивачите поради неговата борбеност на теренот.
Следната сезона, тој го постигнал својот прв гол во жолто-црвениот дрес во победата на домашен терен над Ризеспор со 6-2 на 8 март 2024 година.
Репрезентативна кариера
Во 2013 година, тој бил вклучен во списокот на повикани играчи во уругвајската репрезентација под 17 години за Светското првенство во категоријата и учествувал во два подготвителни натпревари одиграни во Јапонија.
Во март 2018 година, тој бил повикан за првпат во сениорската репрезентација, од селекторот Оскар Табарес за турнирот „Кина куп“ на кој учествувале четири репрезентации закажан да се игра од 22 до 26 истиот месец. Дебиотирал на 23 март, во пријателски натпревар против Чешка, влегувајќи како замена за Матијас Весино во 68-мата минута.
После позитивната позитивната сезона со Сампдорија, тој бил вклучен во списокот на играчи кој требало да го претставуваат „Селесте“ на Светското првенство 2018 во Русија, каде што играл како резерва во првите два натпревари (против Египет и Саудиска Арабија) од групата А и како стартер, во текот на сите 90 минути, во преостанатите три (последниот од групната фаза против Русија, во осминафиналето против Португалија и во четвртфиналето против Франција). Патот на уругвајците на првенството завршил во четвртфиналето, каде загубиле од Франција со 2-0.
Во следните години учествувал со репрезентацијата на Копа Америка во 2019 и 2021, и на двете изданија Уругвај губел во четвртфиналето.
Повикан од новиот селектор Диего Алонсо за Светското првенство 2022 во Катар, Тореира сепак, не запишал ниту еден настап на овој „Мундијал“, на кој Уругвај бил елиминиран уште во групната фаза.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 10 ноември 2024.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2014-2015 Б 2+3Плејоф. 0 КИ 0 0 - - - - - - 5 0 2015-2016 Б 26+3 3+1 КИ 2 1 - - - - - - 31 5Вкупно Пескара 28+6 3+1 2 1 - - - - 36 5 2016-2017 А 35 0 КИ 1 0 - - - - - - 36 0 2017-2018 А 36 4 КИ 2 0 - - - - - - 38 4Вкупно Сампдорија 71 4 3 0 - - - - 74 4 2018-2019 ПЛ 34 2 ФАКуп+ЛК 1+3 0 ЛЕ 12 0 - - - 50 22019-2020 ПЛ 29 1 ФА Куп+ЛК 2+2 0+1 ЛЕ 6 0 - - - 39 2Вкупно Арсенал 63 3 8 1 18 0 - - 89 4 2020-2021 ПД 19 1 КШ 2 0 ЛШ 5 0 - - - 26 1 2021-2022 А 31 5 КИ 4 0 - - - - - - 35 5 2022-2023 СЛ 31 0 КТ 3 0 - - - - - - 34 0 2023-2024 СЛ 35 1 КТ 1 0 ЛШ+ЛЕ 82 настапи во квалификациските кола.+2 0 СТ 1 0 47 1 2024-2025 СЛ 10 1 КТ 0 0 ЛШ+ЛЕ 2Во квалификациските кола.+4 0 СТ 1 0 17 1Вкупно Галатасарај 76 2 4 0 16 0 2 0 98 2Вкупно во кариерата 294 19 23 2 39 0 2 0 358 21
Репрезентативна кариера
РепрезентацијаГодинаНастапиГолови Уругвај20181302019100202030202190202250Вкупно400
Титули Клупски Арсенал ФА Куп : 1 2019-2020
Атлетико Мадрид Примера Дивисион : 1 2020-2021
Галатасарај Суперлига на Турција : 2 2022-2023, 2023-2024 Суперкуп на Турција : 1 2023
Наводи
Останато
Надворешни врски
Лукас Тореира на transfermarkt Лукас Тореира на espn Лукас Тореира на whoscored
Категорија:Уругвајски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Пескара Категорија:Фудбалери на ФК Сампдорија Категорија:Фудбалери на ФК Арсенал Категорија:Фудбалери на ФК Атлетико Мадрид Категорија:Фудбалери на ФК Фјорентина Категорија:Фудбалери на ФК Галатасарај Категорија:Родени во 1996 година