Ханс Арп (Hans Arp), познат и како Жан Арп бил германско-француски сликар, вајар и поет, роден на16 септември 1887 година, а починал на7 јуни 1966 година, бил познат како соработник во групата на дадаисти и надреалисти и пред сè како приврзаник на апстрактна уметност, при што изворите биле во елементарните, природни форми.
Животопис
Ханс Арп е роден како син на производител на цигари во Стразбур кој тогаш ѝ припаѓал на Германија. Живеел во германско – француска средина и потполно ги запознал двата јазици. Како младич бил фасциниран од поезијата на романтичарите.
Од 1904-1908 година студирал сликарска уметност во Вајмар и во Париз на академијата Јулијан. Од 1909 година живеел в Швајцарија и пишувал поезија. Во 1912 година се сретнал до сликарит slikarom Василиј КандинскиRussell, John (10 August 1986). "Jean Arp – A Pioneer Worthy of Honor". The New York Times. во Минхен и станал член на групата „Синиот јавач“ (Der blaue Reiter|el). Од таа година започнува неговата соработка со Пол Кле и со списанието „Напред“ (Der Sturm|el).Од 1916 година соработувал со дадаистите во Цирих a 1918-1919 година во Келн со Макс Ернст. Од 1922 година живеел наизменично во Цирих и Париз. Таа година се оженил со Софија Таубер, уметничка со која правел големи колажи на геометриски исечоци, главно под нејзино влијание.
Неговите скулптури можат да се сфатат како органска апстракција и често се нарекуваат биоморфни, бидејќи делумно потсетуваат на делови на билки или човечкото тело.
Во 1943 година му починала сопругата, а во почеток на педесеттите години заминал во САД каде проектирал големи пластики на универзитетот во Харвард и Каракас, како и за зградата на УНЕСКО во Париз.
Починал во Базел во 1966 година.
Дела 1916 —илустрации кон Хуселбекови "Phantastische Gebete" 1925 — "Уметнички пронајдоци", Со Ел Лисицки 1946 — поетска збирка "Воздушна престолнина" 1948 — монографија "On my way" 1952 — Поетска збирка "Доништа и планови" 1953 — "Славните соништа и црни ѕвезди" 1953 — "Раскубани срца"
Галерија
Наводи
Категорија:Германски сликари Категорија:Луѓе од Стразбур Категорија:Заповедници на Орденот за заслуги за СР Германија Категорија:Родени во 1886 година Категорија:Починати во 1966 година Категорија:Апстрактни сликари