Арсениј Александрович Тарковски (), роден во поранешен Елисаветград, на (стар стил 12 јуни) – починат во , на — еден од најистакнатите советски поети на дваесеттиот век. Неговиот син Андреј Тарковски е еден од најголемите филмски режисери во историјата на светската кинематографија.

Животопис Фамилија Тарковски е роден на 25 јуни 1907 година во Елисаветград, Херсонска Губернија, Руско Царство (денес Кропивницкиj, Украина). Неговиот татко, Александар Тарковски, бил банкарски службеник и руски револуционер (nародник), а се занимавал и со аматерска глума.

Младост Во 1921 година, Тарковски и неговите пријатели објавиле песна која содржела акростични алузии во врска со Ленин. Поради тоа тие биле уапсени и испратени во затвор во Николаев. Тарковски бил единствениот што успеал да избега.

Кариера Во 1924 година Тарковски се преселил во Москва, а од 1924 до 1925 работел во весникот за железничките работници наречен „Гудок“, како уредник на рубриката за поезија.

Од 1925 до 1929 година студирал литература на московскиот универзитет. Во тоа време преведувал поезија од туркменски, грузиски, ерменски и арапски јазик.

За време на Втората светска војна тој доброволно се пријавил како воен дописник во весникот „Воен аларм“. Бил ранет во 1943 година. Поради гангренозни компликации му била ампутирана ногата.

Во прво време бил познат како одличен и мошне плоден поетски преведувач. Првата поетска збирка „Пред снегот“ ја објавил во 1962 година50 великих стихотворений.

Смрт Живеел главно во Москва и Переделкино. Починал на 27 мај 1989 година во Москва. Во 1989 година посмртно ја добил Државната награда на СССР.

Творештво

Последната книга во неговиот живот била книгата „Ѕвездите над Арагац“ објавена во 1988 година. Неговиот опус опфаќа 12 збирки поезија и собрани дела во три томови. Неговата поетска творба зазема необично и оригинално место во советската и руската поезија. Со својот литературен и индивидуален пристап, тој создава специфичен поетски израз којшто нема поетски паралели со останатите стилски движења од тој период. Тоа е творечки потфат во кој е присутна богата и длабока литературна алегорија, симболика, метафора, проткаена со исклучителна рефлексивност и продирање во метафизичките тајни на животот и универзумот«Мы - уста пространства и времени…». Неговата поезија била и суштинска гама во скоро сите филмови на најголемиот филмски режисер и кинематограф во историјата на филмската уметност воопшто. Таа е еден од битните елементи на богатата структура на неговите филмови. Прераната смрт на Андреј Тарковски оставила длабока потиштеност и болка кај Арсениј, која е видлива во неговата поезија особено во последната збирка „Ѕвездите над Арагац“. Творечкиот придонес и на двајцата автори, има постојано ревизиска - есеистичка опсервација од истакнатите автори, критичари, теоретичари. Нивната уметност е сериозен придонес со планетарно значење во дејството и улогата на творештвоХристианские идеи в поэзии А. А. Тарковского.

Библиографија Пред снегот – 1962 годинаИзбранные стихи. Сопствената земја – 1966 година Весник – 1969 година Поеми – 1974 година Волшебна гора - 1987 година Зимски ден – 1980 година Избрани дела – 1982 година Песни од различни периоди – 1983 година Од младоста до староста – 1987 година Благословена светлина – 1993 година, посмртно Ѕвездите над Аргац - 1988 година Собрани дела во три тома - 1991 - 1993 година

Преводи Чечено - Ингушки поети, Грузија, 1939 годинаАрсений Тарковский как переводчик. Кемин - Собрана поезија, 1940 година Стијенски Р. Спушкаскаја тврдина, 1944 година Стијенски Р. Зелен меч, 1945 година Рза Р. Ленин Баку, 1950 година Таџибаев К. Четириесет девојки, 1951 година Таџибаев К. Четириесет девојки, 1956 година Шираз О. Сијаманто и Хачесар, 1956 година Стеинески Р. Волшебни гусли, 1957 година ала-Маари Стихозбирки, 1971 година Чавчаваѕе И. „Неколку слики“, Тбилиси, 1975 година ала-Маари Стихозбирки, 1979 година Таџибаев К. Четириесет девојки, Нуксу, 1983 година

Филмови со песни од А. А. Тарковски

Огледало, режија Андреј Тарковски — стиховите ги чита авторотСтихи из "Зеркала". Носталгија, режија Андреј Тарковски - песната „Бледа визија - мојата сила“ ја чита О. ЈанковскиТЕКСТОВ АРСЕНИЯ ТАРКОВСКОГО В ФИЛЬМЫ АНДРЕЯ ТАРКОВСКОГО. На средина од светот — стиховите ги говори авторот Сталкер, режија Андреј Тарковски — песната „И ова лето мина“ ја чита Александр Каидановски Малиот живот, авторот ги чита своите песни Под заканите на воените времиња, 2. серија, стихотворба „Блискоста на војната“, ја чита Е. Климов.

Книги во кои се користени стихови на Арсениј Тарковски Песната - Јас толку одамна сум се родил... искористена во расказот „Зелени води“ од Макс ФрајМакс Фрай. Песната - Дрвото на Јован, искористена во расказот „Мистер Ветеров“ од Макс Фрај

Наводи

Надворешни врски

ТАРКОВСКИЙ, АРСЕНИЙ АЛЕКСАНДРОВИЧ (1907–1989 Судьба Тарковского «Я в детстве заболел…» О поэте Poems ПЕРЕВОДЧИК Музей Арсения Тарковского в интернете Biography Some poems translated to english Biography and works of Arseny Tarkovsky Another Biography A selection of three poems in English translation in Harvard Review: "Housewarming," "Dreams," and "The Azov Steppe".

Категорија:Руски поети Категорија:Советски поети Категорија:Руски преведувачи Категорија:Советски преведувачи Категорија:Добитници на Државната награда на СССР Категорија:Носители на Орденот на Црвената ѕвезда Категорија:Носители на Орденот на Црвеното знаме на трудот Категорија:Носители на Орденот на пријателството меѓу народите Категорија:Носители на Орденот на Татковинската војна од I степен