Фатос Арапи (, , – ) – албански поет, раскажувач, преведувач и новинар. Публикациите на Арапи биле многу ценети од неговите читатели и другите писатели и добиле разни национални и меѓународни поетски награди. Во 2008 година Арапи станал првиот албански поет кој го добил „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата.
Животопис Рани години Арапи е роден во 1930 година во Валона. Студирал економија во Софија, Бугарија од 1949 до 1954 година, потоа работел како новинар во Тирана.Fatos ARAPI albanianliterature.net
Кариера Арапи бил професор по историја и филологија на универзитетот во Тирана.
Арапи бил пионер на слободниот стих и експерименталната поезија во 1960-тите години во албанската книжевност. Неговиот творечки опус се состои од 25 книги. Автор е на филозофски стихови, љубовна поезија и на елегии. Вниманието врз себе го свртува уште во далечните 60-ти години од минатиот век, кога ги објавил збирките поезија „Поетски патеки“ и „Поеми и стихови“. Со тие збирки внел елементи од светските книжевни текови и идеи во албанското творештво, што долги години било во стагнација. Во многу книжевни списанија неговата поезија е опишана како хармонија во која се спојуваат морските бранови и идеите за ослободување на поединецот од стегите што врз творецот ги наметнуваат некои општества. Поради промените што ги пропагирал преку уметноста, често се соочувал со проблеми во време на комунистичкиот режим во Албанија.
По падот на тој режим, Арапи го засилил своето творештво. Ги има преведено на албански јазик делата на Сафо, Пабло Неруда и Никола Јонков Вапцаров. Приредувач е на антологиите „Песните на народот“ и „Антологија на турскиот стих“. Преведен е на повеќе светски јазици.
Смрт Арапи починал на 11 октомври 2018 година.
Творештво Поезија Shtigjet poetike (Поетски патишта), 1962 Poema dhe vjersha (Поеми и стихови), 1966 Ritme të hekura (Ритми на железото), 1968 Më jepni një emër (Дај ми име), 1972 (подоцна забранета од режимот на Енвер Оџа) Gloria victis, 1997 Eklipsi i endrrës (Сончево затемнување), 2002
Раскази Patate të egra (Кисели компири), 1970 Dikush më buzëqeshte (Некој ми се смее), 1972 Gjeniu pa kokë (Гениј без глава), 1999
Драми Partizani pa emër (Анонимниот партизан), 1962 Qezari dhe ushtari i mirë Shvejk (Цезар и добриот војни Швејк), 1995
Наводи
Albanian writer Fatos Arapi passed away today, October 11, 2018, Oculus News
Категорија:Албански поети Категорија:Албански писатели Категорија:Албански новинари Категорија:Албански преведувачи Категорија:Добитници на Златен венец на Струшките вечери на поезијата