Вангел Ајановски - Оче ( – ) — деец на македонското национално движење (НОД) од Егејска Македонија, основач и раководител на Македонската антифашистичка организација (МАО) Тајната ослободителна македонска организација (ТОМО).

Во работничкото движење на Грција учествувал од 1928 година, како член на ОКНЕ. Во периодот меѓу двете светски војни бил член на Комунистичката партија на Грција (КПГ) и секретар на реонскиот комитет за Воден во 1941 година. Во 1942 година во Воден ја основал МАО. Во 1944 година бил заменик на политичкиот секретар на Прва егејска ударна бригада, а во наредната 1945 година, на 20 јануари ја формирал и раководел организацијата ТОМО. Во пролетта (месец април), истата година станал секретар на Окружниот комитет на НОФ за Воденско, а потоа од мај 1947, бил член на Извршниот одбор и организационен секретар на Централниот совет на НОФ на Македонците од Егејска Македонија. Во периодот од летото 1942 до октомври 1943 го уредувал весникот „Црвена Ѕвезда“.Христо Андоновски, Македонците под Грција во борбата против фашизмот 1940–1944, Скопје, 1968.

Вангел Ајановски, пред повеќе од триесетина години, го подарил оригиналниот примерок од прочуениот Абецедар, на Државниот архив на Македонија.

Творештво „Егејски бури“, 1975

Наводи

Литература Егејска Македонија во НОБ 1948, Том V, Скопје 1981 Егејска Македонија во НОБ 1949, Том VI, Скопје 1983.

Надворешни врски

Вангел Ајановски-Оче за разговорите со делегацијата на НОФ на Македонија од егејскиот дел на Македонија во Скопје Тајната Ослободителна Македонска Организација (ТОМО) АЈАНОВСКИ-ОЧЕ, Вангел

Категорија:ТОМО Категорија:Македонски борци