алт=Хејно во 2015 година|мини|Хејно во 2015 година Хајнц Георг Крам (роден на 13 декември 1938) — познат како Хејно е германски пејач. Хејно продал повеќе од 50 милиони записи, и се смета за еден од најуспешните германски музичари на сите времиња.

Хејно е познат по неговиот баритон глас и неговата препознатлива комбинација на светло руса коса и темни очила за сонце (кои ги носи поради егзофталмус). Живее во градот Бад Минстерајфел, каде што поседувал кафуле до јуни 2012 година.Heino closes his cafe Неговиот интерес за музика започнал кога неговата мајка му подарила хармоника во 1948 година, иако неговото семејство едвај можело да си го дозволи тоа.

Ран живот Хејно е роден на 13 декември 1938 година во Диселдорф-Обербилк, Германија и негови родители се Хајнрих и Франциска Крам. Неговиот татко бил римокатолик и работел како стоматолог, а неговата мајка била протестантка. Неговиот дедо бил оргулар во катедралата во Келн. Исто така, имал двајца братучеди кои биле католички свештеници. Таткото на Хејно бил избран да биде дел од германската армија за време на Втората светска војна и бил убиен на 2 август 1941 година за време на инвазијата на Советскиот Сојуз.

До 1945 година, Хајно живеел со својата мајка и неговата постара сестра Ханелоре во Померанија. Во 1945 година започнал училиште во Гросенхајн ​​(Саксонија). По 1952 година заминал во Диселдорф каде што првично се обучил како пекар и слаткар.

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место на Хејно

Категорија:Германски поп-пејачи Категорија:Луѓе од Диселдорф Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1938 година Категорија:Германска музика