Хамза-бегова џамија (), позната и како Џамија на три шеици – муслимански храм во Битола.
Местоположба Џамијата се наоѓа во западниот дел на градот, на улица „Пецо Божиновски“, меѓу Курдерес (кој повеќе не постои) и Зандан куле, во маалото Хамза-бег.
Историја Џамијата може да е од 16 век или пред 1634 година. Единствените писмени сведоци се датумот 1798, напишан на барабанот на куполата и мермерната плоча со натпис, според која џамијата е реновирана во 1273 година по хиџра (1857/1858 по Христа). Можно е храмот да има врска со Хамза-беговата џамија во Солун, изградена во 1468 година од неговата ќерка Хафса и обновена во 1619 година. Џамијата станува центар на дервишкиот ред суфиски Халвети во Битола. Вакафот на џамијата за првпат е споменат во 1633 година, а зградата во 1634 година како вакаф на Хамза-бег во судски документи во Битола. На јужната страна на куполата со црвено била напишана 1798 година, веројатно датумот на обновување. Во 1857/1858 година било завршено уште едно реновирање, бил додаден едноставен портик. Дарители на џамијата биле Дефтердар Али во 1853 година и Емир-паша во 1864 година и поради тоа во 19 век храмот бил познат и под тие имиња. Комплексот се состои од џамија, сибјан мектеб, медреса позната како „Тефикије“ , потоа едно халветиско теќе и турбе со гробови на другата страна на улицата.
Имињата на трите шеика, според кои била крстена џамијата, се Ибрахим, Абдул Керим и Ахмед и тие биле припадници на дервишкиот ред Халвети од крајот на 18 век чиј центар бил во Охрид. Тие биле ученици на шеикот Мехмед Хајати, основач на Зејнел Абедеин-паша текето во Охрид. Централното теке имало ограноци во Костур, Лерин и Албанија.
Архитектура лево|мини|250п|Џамијата од назад дено|мини|250п|Влезната врата во дворот со мермерната плоча со натпис од 1857/1858 година Џамијата има правоаголна основа со димензии 8,90 x 10,21 m и претставува поедноставена завиена џамија со правоаголна апсида со рамен покрив со димензии 5,50 x 2,60 m, во која е поставен михработ, кој го дели централниот простор на два дела. Апсидата има два елегантни сводести прозорци на јужната страна. Овој необичен дизајн е последица на заемното влијание меѓу византиската и османлиската архитектура која започнува на почетокот на 14 век. Овој архитектонски елемент бил воведен во џамијата на Мурат I во Бурса, Јусуф-пашината џамија во Одрин (1429), болницата на Бајазит II во Одрин (1485), Мехмед-беговата џамија во Сер (1491), Хусамедин-пашината џамија во Штип, Синан-пашината џамија во Призрен, Исхак-беговата џамија во Скопје, Гази Хусрев-беговата џамија во Сараево (1531), Ферхад-пашината џамија во Бања Лука (1531).
Молитвеното пространство е покриено со купола во форма на осумаголен барабан. По ѕидовите видливи се остатоци од шарени орнаменти и розети со штуко декорација. Ѕидаријата е од слоеви од по три до пет реда тули и делкан камен. Горниот дел завршува со назабен корниз од тули. Во долниот дел на ѕидовите има осум прозорци со крунисани со сталактитни ниши. Над нив има четири сводести прозорци.
Минарето е многуаголно, изѕидано од камен и тули и е високо 23,40 m и е добро зачувано. Шерефето му е украсено со сталактити, а балконот има мермерен парапет.
Додадениот трем има димензии 5 m x 10,25 m, со кос покрив. На вратата кон дворот има мермерна плоча 35 cm x 35 cm, која известува за обновувањето на градбата во 1273 година по хиџра (1857/1858).
Теќето и турбето на Трите шеика биле разрушени уште во 1911 година. За време на Првата светска војна џамијата била многу оштетена.
На запад од храмот се сочувани неколку надгробни камења.
Наводи
Категорија:Историја на Битола Категорија:Споменици на културата во Македонија Категорија:Џамии во Битола Категорија:Џамии во Битолското муфтиство