Благородна Дулиќ (Кочани, - , ) — македонска судијка и политичарка, како и пратеничка во Собранието на Македонија во повеќе мандати од 2006 до 2014 година.
Животопис Дулиќ е родена на 18 април 1941 година во Кочани. Завршила Правен факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Била пратеничка во повеќе наврати во Собранието. Напоредно со тоа, таа била и член во неколку парламентарни комисии како претседател на Законодавно-правната комисија, заменик претседател Комисијата за прашања на изборите и именувањата, член на Комисијата за уставни прашања, член на Пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со Собранието на Федерацијата на Босна и Херцеговина, член на Пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со Собранието на Република Хрватска, член Пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со Собранието на Црна Гора. Дулиќ била и член на Републичкиот судски совет, судија на Врховниот суд и Стопанскиот суд на Македонија. Починала на 7 мај 2019 година во Скопје.
Наводи
Категорија:Родени во 1941 година Категорија:Политичари од Кочани Категорија:Правници од Кочани Категорија:Политичари од ВМРО-ДПМНЕ Категорија:Македонски судии Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје