мини|328x328пкс|Barry C. Barish at Nobel Prize press conference in Stockholm, December 2017)
Бери Кларк Бериш () — американски експериментален физичар и нобеловец. Станува збор за професор по физика при Калифорнискиот институт за технологија. Тој е водечки експерт за гравитациските бранови.
Во 2017, Бериш е награден со Нобелова награда по физика заедно со Рајнер Вајс и Кип Торн „за одлучувачки придонеси за детекторот ЛИГО и за набљудување на гравитациските бранови.
Во 2018 година, тој се вработува на Калифорнискиот универзитет, во Ривердеј и станува вториот добитник на Нобелова награда кој работи на овој универзитет.
Раѓање и образование Бериш е роден во Небраска, Небраска, како син на Ли и Харолд Бариш.https://www.familysearch.org/ark:/61903/1:1:K999-5XC Семејствата на неговите родители биле еврејски мигранти од Полска, дел кој сега е во Белорусија.Hillside Memorial Park Jewish Cemetery in Los Angeles По Втората светска војна, семејството се преселило во Лос Фелис во Лос Анџелес. Тој се школувал во средното училиште „Џон Маршал“ и други училишта.
Тој дипломирал на катедрата по физика во (1957 година) и се стекнал со докторат за експериментална високоенергетска физика во 1962 година при Калифорнискиот универзитет, во Беркли.. Тој се вработува на Калтех во 1963 година, како дел од новиот експериментален напор во честичната физика со помош на забрзувачи на честички во националните лаборатории. Од 1963 до 1966 година бил научен соработник, а од 1966 до 1991 година, доцент, вонреден професор, и професор по физика. Од 1991 до 2005 година тој станува Линдеов професор по физика, а потоа и почесен Линдеов професор по физика.https://labcit.ligo.caltech.edu/~BCBAct/BCB_CV0316.pdf Од 1984 до 1996 година бил главен истражувач на групата за високоенергетска физика при Калтех.
Истражувања
Првите експерименти на Бариш беа изведени во Фермилаб користејќи високоенергетски неутрински судири за да се открие кварковата потструктура на нуклеонот. Овие експерименти се меѓу првите при кои се набљудувала слабата неутрална струја, нишката за обединување на двете сили во една со теориите на Глешоу, Салам и Вајнберг.
Во 80-тите години, тој го конструира МАКРО, експеримент во една пештера во Гран Сасо, Италија, чија цел е потрага за егзотични честички магнетни монополи и исто така ги проучувале продирните космички зраци, вклучувајќи ги и неутринските мерења кои обезбедиле потврден доказ дека неутрината имаат маса и осцилираат.
Во 1991 година, Бариш беше прогласен за Максин и Роналд Линд, професор по физика во Калтех.
Во почетокот на 1990-тите, тој го предводеше ГЕМ (гами, електрони, миони), експеримент кој ќе се одвива во суперспроводниот суперсудирач, кој бил одобрен откако претходниот проект L * предводен од Семјуел Тинг (и Бериш како претседател на одборот за соработка) — отфрлен од страна на ССК директорот Рој Швитерс. Бериш беше портпарол на ГЕМ.
Бариш стана главен истражувач на Ласерската интероферометриска гравитациско-бранова опсерваторија (ЛИГО) во 1994 година, и директор во 1997 година. Тој го предводеше напорот преку одобрување на финансирање од страна на Националниот научен одбор (НСФ) во 1994 година, изградбата и пуштањето во работа на интерферометарот LIGO во Ливингстон, Лос Анџелес и Ханфорд Вашингтон, во 1997 година. Тој ја создава научната соработка ЛИГО, која сега брои повеќе од 1.000 соработници низ светот кои помагаат во научните истражувања
Почетните детектори на LIGO достигнаа чувствителност на дизајнот и поставија многу ограничувања на астрофизичките извори. Предлогот на Напредно LIGO бил развиен за време на директорувањето на Бариш, и тој продолжил да има водечка улога во LIGO и Напредно LIGO. Првото откривање на спојувањето на двете црни дупки со 30 M⊙ беше изведено на 14 септември 2015 година Observation of Gravitational Waves from a Binary Black Hole Merger, PhysRevLett.116.061102. Ова претставуваше прво директно набљудување на гравитациските бранови, од нивното предвидување од страна на Ајнштајн во 1916 година и првото набљудување на спојувањето на пар црни дупки. Бериш го дал првото предавање за ова откритие пред научната јавност во ЦЕРН на 11 февруари 2016 година, истовремено со јавната најава.
Од 2001 до 2002 година, Бериш служеше како копретседател на Високоенергетскиот советодавен одбор пододбор кој развил долгорочен план за високоенергетска физика во САД. Тој претседавал со Комисијата за честички и полиња и со американскиот соработнички комитет при Меѓународниот сојуз за чиста и применета физика (ИУПАП). Во 2002 година тој го предводеше со одборот за физика и астрономски неутрински објекти и извештајот за процена на изветајот на комитетот, „Неутрина и понатаму“.
Од 2005 до 2013 година Бери Бериш стана директор на Глобалниот осмислувачки напор за Меѓународниот линиски судирач (МЛС). МЛС е проектот од највисок приоритет за иднината на честичната физика ширум светот, со што се очекува да биде содружен со Големиот хадронски судирач при ЦЕРН за истражување на величините во TeV. Овој амбициозен напор е безрезервно координиран ширум светот, што претставува голем чекор во меѓународната соработка за концепти и замисли за употреба на големоразмерни проекти во физиката.
Почести и награди
Во 2002 година, тој ја добива Клопштеговата меморијална награда доделена од страна на Американското друштво на учители-физичари. Бериш е почестен и од страна на Болоњскиот универзитет (2006) и Флоридскиот универзитет (2007) кои му доделиле почесни докторати. Во 2007 година, тој ги одржал ван Флековите предавања при Минесотскиот универзитет. Глазговскиот универзитет го почестил Бериш со почесна диплома по наука во 2013 година.
Бериш бил почестен и со титулата Титан на физиката во На рамената на џиновите серија во 2016 година при Светскиот научен фестивал.
Во 2016 година, Бериш ја добива наградата „Енрико Ферми“ „за неговите основни придонеси за создавањето на соработките ЛИГО и ЛИГО-Вирго и за неговата улога за справување со технолошките и научните аспекти со чие разрешување се овозможило за првпат да се забележат гравитациските бранови“.
Бериш е добитник на наградата за Американска иновативност во категоријата за физика доделена од страна на списанието Смитсонијан во 2016 година.
Бериш е награден во 2017 година со медалот „Хенри Драпер“ од страна на Националната академија на науките „за неговата визионерска и водечка улога, научно водство и создавањето на новата инструментална замисла за развојот на ЛИГО што е од врвно значење за успешноста на ЛИГО да ги забележи гравитациските бранови создадени од судирните црни дупки, на тој начин потврдувајќи го Ајнштајновото 100 годишно предвидување за постоењето на гравитациските бранови и запошнувањето на новата гранка наречена гравитациско бранова астрономија.“
Бериш е добитник и на наградата „Џузепе и Вана Кокони“ од страна на Европското друштво на физичарите за неговата „пионерска и водечка улога во опсерваторијата ЛИГО што довело директно до отркивањето на гравитациските бранови, отворајќи нов прозорец кон Универзумот.“
Бериш е добитник на наградата „Принцеза на Астурија“ во 2017 година за неговата работа за откривање на гравитациските бранови (заедно со Кип Торн и Рајнер Вајс).
Бериш е добитник на наградата за наука „Фудан-Жонгжи“ во 2017 година за неговата „водечка улога во изградбата и почетната работа на ЛИГО, создавањето на меѓународната научна соработка ЛИГО, и успешното претворање на ЛИГО од мал научен експеримент изведуван од неколку истражувачки групи во голема научно достигнување кое вклучувало повеќе поголеми соработки и големи инфраструктури, што заедно довело до забележување на гравитациските бранови“ (заедно со Кип Торн и Рајнер Вајс).
Во 2017 година, ја добива Нобеловата награда за физика (заедно со Рајнер Вајс и Кип Торн) „за одлучни придонеси за детекторот ЛИГО и набљудувањето на гравитациските бранови“.
Во 2018 година, Бериш бил почестен како Алумнус на годината од страна на Калифорнискиот универзитет во Беркли.
Во 2018 година, стекнува почесен докторат од Јужниот методистички универзитет.
Во 2018 година, тој е прогласен за почесен доктор на науки од страна на Софискиот универзитет Св. Климент Охридски
Бериш е зибран за член на следнива организации: Американската академија на науките и уметностите (ААНУ) Националната академија на науките (НАН) Националниот научен одбор (ННО) Американското друштво на физичари (АДФ) (претседател 2011) Американското здружение за унапредување на науката (АЗУН)
Семејство
Бери Бериш е оженет со Самоа Бериш. Тие имаат две деца, Стефани Бериш и Кенет Бериш, професор и раководител за физика и астрономија при Калифорнискиот универзитет, во Риверсдејл и три внучиња, Мило Бериш Чемберлин, Теа Чемберлин и Ариел Бериш.
Препораки
Дополнителна литература
Надворешни врски Barry Barish: The Long Odyssey from Einstein to Gravitational Waves -- Popular Science Lecture, The Royal Swedish Academy of Sciences Barry Barish: From Einstein to Gravitational Waves and Beyond--2016 Tencent WE Summit Einstein, Black Holes and Cosmic Chirps - A Lecture by Barry Barish, Fermilab Barry Barish: On the Shoulders of Giants, World Science Festival Episode 10 Barry Barish discusses gravitational waves, LIGO, and the scientists who made it happen, TheIHMC
Категорија:Физичари од 21 век Категорија:Американски нобеловци Категорија:Еврејски физичари Категорија:Членови на Американското физичко друштво Категорија:Гравитацискобранова астрономија Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Честични физичари Категорија:Релативисти Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Странски членови на Кралското друштво Категорија:Еврејски нобеловци Категорија:Странски членови на Руската академија на науките Категорија:Живи луѓе