Оваа страница се однесува на физичката појава Виножито. За други значења видете Виножито (појаснување).

thumb|200px|right|Виножито или божилак.

Виножито, божилак, божило или ѕуница — оптички и метеоролошки феномен кој предизвикува светлинскиот спектар од сончевите зраци да се појави на небото поради прекршување на светлината низ ситни капки вода во атмосферата. Прекршувањето предизвикува создавање на повеќебоен свод на небото, со црвената боја најгоре, а виолетовата најдолу. Виножитото обично се појавува после дожд. Виножитото се состои од 7 бои. Тоа се боите: црвена, портокалова, жолта, зелена, сина, модра и виолетова. мини|Виножито над Охридското Езеро Виножитото како тема во уметноста и во популарната култура „Зад виножитото“ — книга на Менде Велјановски.Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 23. „Виножито“ — песна на македонскиот поет Матеја Матевски.Матеја Матевски, Подготовки за патување: избор од поезијата, Македонска книга, Скопје, 1987, стр. 212. „Виноиракија“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 304-305. „Преку виножитото“ (англиски: Over the rainbow) — џез-композиција на американските композитори Арлен и Харбург.Il flauto nel jazz, Fantasy, OMMCD 001, 1995. „Дали виножитата имаат крај?“ (англиски: Do Rainbows Have Ends?) — песна на американската рок-група The Brian Jonestown Massacre од 2023 година.The Brian Jonestown Massacre – The Future Is Your Past(пристапено на 26.4.2024) „Крајот на виножитото“ (англиски: The End Of The Rainbow) — песна на американското фолк-рок дуо Ричард и Линда Томпсон (Richard & Linda Thompson) од 1974 година.Richard & Linda Thompson ‎– I Want To See The Bright Lights Tonight (пристапено на 23.1.2017) „Божилак“ — албум на македонскиот пејач Тоше Проески.

Поврзано Виножито на месечина

left|thumb|250px

Наводи

Категорија:Атмосфера Категорија:Атмосферски појави Категорија:Дожд