Паула Бадоса Жиберт (родена на 15 ноември 1997 во Њујорк) е шпанска тенисерка.
Бадоса го освоила Отвореното првенство на Франција во јуниорска поединечна конкуренција во 2015 година победувајќи ја Ана Калинскаја во финалето.
Во 2021 година, таа го направила својот пробив меѓу најдобрите 50 тенисерки на светот и го достигнала својот највисок пласман на ВТА листата на 23 август кога била рангирана на 26-тото место, позиција на која се наоѓа и денес. Истата година, таа ја освоила својата прва ВТА титула, освојувајќи го турнирот Србија Опен во Белград, каде во финалето ја совладала Ана Коњух.
Биографија Паула Бадоса е родена во Менхетен како ќерка на Миреја Жиберт и Јосеп Бадоса, двајцата вработени во светот на модата. Кога Паула имала седум години, семејството се преселило во Барселона, каде таа започнала да игра тенис во клубот Плаја де Аро. На 14-годишна возраст, таа се преселила во Валенсија со цел да напредува во тенисот, но кога имала 17 години, се вратила во Барселона.
Таа зборува шпански, каталонски, англиски и малку француски јазик, и учела средно училиште на далечина околу четири години. Нејзиниот идол додека растела била Марија Шарапова, додека нејзиниот омилен турнир е УС Опен. Кога била дете, се стремила да биде модел, следејќи го патот на нејзините родители. Во раните години, таа се борела со депресија и анксиозност.
Јуниорска кариера
Бадоса е поранешен јуниорски светски број 8. Таа дебитирала на ИТФ јуниорските турнири во септември 2012 година, на 14-годишна возраст. Во февруари 2014 година, таа ја освоила својата прва јуниорска титула во поединечна конкуренција на турнирот Медитеране Авенир во Казабланка. Во април 2014 година, таа ја освоила титулата во двојки на турнирот Трофео „Хуан Карлос Фереро“ во Вилена. Во мај 2014 година, таа стигнала до полуфиналето во двојки на Трофео Бонфиљо во двојки. Во јуниорската конкуренција на Отвореното првенство на Франција, таа стигнала до четвртфиналето и во поединечна и во конкуренција на двојки. Потоа, таа стигнала и до четвртфиналето на Вимблдон во јуниорска поединечна конкуренција. Таа завршила како вицешампион во поединечна конкуренција на Европското првенство за јуниори, губејќи од сонародничката Сара Сорибес Тормо. Својата јуниорска кариера ја завршила со Отвореното првенство на Франција во 2015 година, каде што ја освоила титулата за девојчиња во поединечна конкуренција. Како јуниорка, таа освоила три титули во поединечна и една титула во двојки.
Професионална кариера 2012–2017: Први чекори Бадоса дебитирала на ИТФ женската тениска турнеја во мај 2012 година на турнирот во Гечо. Во ноември 2013 година, таа ја освоила својата прва титула во Сант Жорди. Во март 2015 година, таа добила вајлд-карта да игра во главниот ждреб на Премиер Мандатори турнирот во Мајами, каде што ги забележала своите први натпревари и воедно своите први две победи на ВТА турнејата. Во првото коло таа убедливо ја совладала Петра Четоковска со 6-1, 6-1, а потоа била подобра во два сета и од Женг Саисаи со 6-1, 7-5. Нејзиното учество на турнирот завршило во третото коло, кога била поразена од 14-тата носителка Каролина Плишкова со 7-5, 6-1. Подоцна истата година, таа стигнала до главниот ждреб на Мутуа Мадрид Опен преку квалификации, но морала да го предаде нејзиниот натпревар од првото коло против 15-тата носителка Сара Ерани после само три одиграни гема.
2018–2019: Пробив, влез во топ 100 на ВТА листата Нејзиниот пробив дошол во 2018 година кога таа стигнала до четвртфиналето на Мароко Опен, кога стигнала до четвртфиналето и загубила од Александра Круниќ. Во септември, го освоила турнирот Опен де Валенсија со награден фонд од 60.000 $, победувајќи ја својата сонародничка Алиона Болсова во финалето.
На Австралијан Опен 2019, Бадоса го направила своето деби на Гранд слем турнирите во главниот ждреб, откако претходно ги минала квалификациите; сепак уште во првото коло таа загубила од домашната натпреварувачка повикана со специјална покана Кимберли Бирел. Во јули, таа стигнала до своето прво полуфинале на ВТА турнирте, во Палермо, но таму загубила од светскиот број 5, Кики Бертенс. По ова, таа остварила уште еден пласман во полуфиналето на ВТА челенџерот во Карлсруе Опен. Тоа и било доволно за првпат во својата кариера да се најде во топ 100 на ВТА листата. На Кореја Опен, стигнала до четвртфиналето, каде била сопрена од Ванг Јафан.
2020: Првото Гренд слем осминафинале Во почетокот на 2020 година, Бадоса ја забележала својата прва победа на Гренд слем натпревар, победувајќи ја квалификантката Јохана Ларсон во првото коло на Австралијан Опен 2020. Во второто коло, таа се сретнала со светскиот рекет бр. 7, Петра Квитова, и била поразена во два тесни сета со 7-5, 7-5. Во септември, таа дошла до второто ВТА полуфинале во кариерата во Истанбул, каде што загубила од Ежени Бушар. Нејзиниот најдобар резултат за сезоната и бил на Ролан Гарос, каде стигнала до првото осминафинале на голем турнир. На патот до таму, таа победила две поранешни Грен слем шампионки, Слоун Стивенс и Јелена Остапенко.
2021: Првата ВТА титула, Гренд слем четвртфинале, победник на Индијан Велс, деби на ВТА завршниот турнир и топ 10 По нешто послабиот почеток на 2021 година, на почетокот на март таа стигнала до своето прво полуфинале за сезоната во Лион Опен, што било исто така нејзиното прво полуфинале на некој ВТА турнир на тврда подлога во кариерата. Следниот месец, Бадоса настапила на турнирот во Чарлстон, каде успеала да ги победи петтата носителка Белинда Бенчиќ во второто коло и светскиот рекет бр. 1, Ешли Барти, во четвртфиналето, што била нејзина прва победа во кариерата над светски број еден. Сепак и покрај овие битни резултати, таа повторно не успеала да оди до крај на еден турнир губејќи одново во полуфиналето овојпат од Вероника Кудерметова со 3-6, 3-6.
Во мај, Бадоса стигнала до своето прво полуфинале на ВТА 1000 на Мадрид Опен, со што станала првата шпанска тенисерка која стигнала до полуфиналето во историјата на турнирот. Таму таа одново ја совладала Бенчиќ и одиграла уште еден натпревар со прворангираната тенисерка во светот, но овојпат Барти била поуспешна одмаздувајќи се за поразот во Чарлстон. Овој одличен настап ја донел Бадоса до најдобрите 50 тенисерки во светот, регистрирајќи нов највисок пласман во својата кариера на 42. место. Во меѓувреме таа продолжила со својте добри игри и на Србија Опен, стигнала до трето по ред полуфинале на земјена подлога, победувајќи ја седмата носителка Ребека Петерсон. Таа победа и донела пласман во првото ВТА финале, каде успеала да се избори и за првата ВТА титула откако нејзината противничка Ана Коњух го предала финалето поради повреда при водство на Бадоса од 6-2 и 2-0.
thumb|left|Бадоса на Ролан Гарос 2021. На Ролан Гарос 2021, Бадоса била поместена во 33-та носителка на турнирот по повлекувањето на Алисон Риск. Таа остварила две лесни победи во два сета против Лорен Дејвис и Данка Ковиниќ во првите две кола пред да се соочи со Ана Богдан. Во овој натпревар од третото коло, Бадоса го загубила првиот сет и спасила меч топка во вториот сет, пред да направи целосен пресврт и да победи во три сета (2-6, 7-6, 6-4). Со оваа победа, таа втора година по ред се пласирала во осминафиналето на Гренд слемот во Франција. Потоа таа се соочила со поранешната финалистка на турнирот и 20-та носителка Маркета Вондроушова, каде успеала да забележи уште една победа во три сета за да стигне до четвртфинале на еден голем турнир за првпат во нејзината кариера. Во тоа четвртфинале, и покрај тоа што имала брејк предност во последниот одлучувачки сет, таа загубила од Тамара Зиданшек.
До првата победа во кариерата во главниот жреб на Вимблдон, Паула стигнала совладувајќи ја сонародничката Алиона Болсова со 6-2, 5-7, 6-2, во првото коло од изданието на турнирот во 2021 година. Во следните два натпревари, таа ги совладала и Јулија Путинцева и Магда Линет, за да стигне до осминафиналето каде загубила од Каролина Мухова, иако имала брејк предност и сервис за освојување на првиот сет.
Бадоса ја претставувала Шпанија на Летните олимписки игри 2020 во женска поединечна конкуренција и во конкуренција на двојки. Заедни со нејзината партнерка Сара Сорибес Тормо ги победиле мексиканската двојка Џулијана Олмос и Рената Сарасуа во првата рунда, пред да загубат во втората од чешката двојка и подоцнежните златни медалистки, Барбора Крејчикова и Катержина Синиакова. Во поединечна конкуренција, Бадоса ги добила своите први три меча на турнирот против французинката Кристина Младеновиќ, полската тенисерка Ига Швјонтек и аргентинката Надја Подороска. Во нејзиниот четвртфинален натпревар против подоцнежната освојувачка на сребрен медал, чехињата Маркета Вондроушова, Бадоса го загубила првиот сет пред да се повлече од мечот поради топлотен удар кој го претрпела предизвикан од топлите и влажни услови во Токио - што на крајот резултирало со долг медицински тајмаут и потреба да го напушти теренот во инвалидска количка. Ова, заедно со поплаките од другите тенисери, како што се Данил Медведев и Новак Ѓоковиќ, било катализатор за официјалните лица на Олимпијадата да го променат најраното време за почеток на натпреварите од 11 во 15 часот.
ВТА финалиња Сингл: 3 (3 титули) ЛегендаГренд слем (0-0)ВТА Завршен турнир (0–0)ВТА 1000 (1–0)ВТА 500 (1–0)ВТА 250 (1–0)Финалиња по подлогаТврда (2–0)Земја (1–0)Трева (0–0)Тепих (0–0)
РезултатП–ИДатаТурнирКатегоријаПодлогаПротивникРезултатПобеда1–0мај 2021Белград Опен, СрбијаВТА 250Земја Ана Коњух6–2, 2–0, пред.Победа2–0окт 2021Индијан Велс Опен, САДВТА 1000Тврда Викторија Азаренка7–6(7–5), 2–6, 7–6(7–2)Победа3–0јан 2022Сиднеј, АвстралијаВТА 500Тврда Барбора Крејчикова6–3, 4–6, 7–6(7–4) Note: Tournaments sourced from official WTA archives
ИТФ финалиња Сингл: 9 (6–3) ЛегендаКатегорија Турнири со награден фонд од $100,000 Турнири со награден фонд од $80,000 Турнири со награден фонд од $60,000 Турнири со награден фонд од $25,000 Турнири со награден фонд од $15,000 Турнири со награден фонд од $10,000Финалиња по подлогаТврда подлога (4–1)Земја (2–2)Трева (0–0)Тепих (0–0) ИсходБр.ДатаКатегоријаТурнирПодлогаПротивникРезултатПобедник 1. 17 ноември 2013 $10,000 Сант Жорди, Шпанија Тврда подлога Лусија Сервера Васкес 7–5, 6–0Вицешампион 1. 26 октомври 2014 $25,000 Сиудад Викторија, Мексико Тврда подлога Дијана Марцинкевича 7–6(7–2), 3–6, 1–6Победник 2. 5 јули 2015 $25,000 Данен, Франција Земја Ирина Рамиалисон 7–5, 6–0Вицешампион 2. 10 април 2016 $25,000 Џексон, САД Земја Грејс Мин 6–1, 2–6, 4–6Вицешампион 3. 28 мај 2017 $25,000 Казерта, Италија Земја Клер Лиу 3–6, 3–6Победник 3. 5 август 2017 $25,000 Ел Еспинар, Шпанија Тврда подлога Ајла Аксу 6–2, 6–4Победник 4. 4 февруари 2018 $25,000 Глазгов, Велика Британија Тврда подлога Маиа Лумсден 2–6, 6–1, 6–3Победник 5. 27 мај 2018 $25,000 Лес Франкесес дел Валес, Шпанија Тврда подлога Маргарита Гаспарјан 6–4, 3–6, 6–2Победник 6. 30 септември 2018 $60,000 Валенсија, Шпанија Земја Алиона Болсова 6–1, 4–6, 6–2
Наводи
Надворешни врски Паула Бадоса Жилбет на ВТА Паула Бадоса Жилбет на ИТФ
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1997 година Категорија:Шпански тенисерки