мини|Мапа на берлинското градско подрачје Населби на Берлинскиот модернизам е заеднички поим за шест станбени населби во различни делови и предградија на Берлин. Во јули 2008 година беа вклучени во списокот на светско културно наследство на УНЕСКО.

Населбите беа дизајнирани и изградени меѓу 1913 и 1934 година од класичните модернистички архитекти во стилот на Новата градба (герм. Neues Bauen). Населбите во денешните делови Бонсдорф, Бриц, Шарлотенбург-Север, Пренцлауер Берг, Рајникендорф и Вединг извршија огромно влијание за време на интензивното градење живеалишта во кризниот период по Првата светска војна. Со своите чисти и нови форми како и со општествената употребливост, овие населби станаа клучни за архитектурата и урбанистичкото планирање на 20 век.

Бруно Таут и Мартин Вагнер беа најодговорни за планирањето на населбите, но други архитекти, како што се Ханс Шарун и Валтер Гропиус исто така учествуваа во проектите. Најстариот дел од населбите на Берлинскиот модернизам е Градот на градини Фалкенберг (герм. Gartenstadt Falkenberg) дизајниран од страна на Таут. Белиот Град и големата населба Зименсштат биле завршени дури на почетокот на триесеттите години.

Список на станбени населби НаселбаДел од градот и четвртВреме на изградбаДизајнирана одАрхитектиСликаГрад на градини ФалкенбергБонсдорф(Трептов-Кепеник)1913–1916Бруно ТаутБруно ТаутХајнрих Тесеновмини|ФалкенбергНаселба ШилерпаркВединг(Мите)1924–1930Бруно ТаутБруно ТаутМакс Таут (повторна изградба) Ханс Хофман(проширување)мини|ШилерпаркГолема населба БрицБриц(Нојкелн)1925–1930Бруно ТаутБруно Таут

Мартин Вагнермини|БрицНаселба Карл ЛегиенПренцлауер Берг(Панков)1928–1930Бруно ТаутБруно ТаутФранц Хилингермини|Карл ЛегиенБел ГрадРајникендорф(Рајникендорф)1929–1931Ото Рудолф СалвисбергМартин Вагнер (раководство)Ото Рудолф СалвисбергБруно АрендсВилхелм Бинингмини|Бел ГрадГолема населба Зименсштат Шарлотенбург-Север

(Шарлотенбург-Вилмерсдор))1929–1934Ханс ШарунМартин Вагнер (раководство)Ханс ШарунВалтер Гропиус Ото Бартнинг

Фред Форбат

Хуго Херинг

Паул Рудолф Хенингмини|Зименсштат

Интернет-врски

Одредница на мрежното место на УНЕСКО (на англиски)

Категорија:Знаменитости во Берлин Категорија:Култура на Берлин Категорија:Културно наследство на Германија Категорија:Светско наследство во Германија