Воспаление на средното уво () — група на воспалителни заболувања на средното уво. Два главни типа се акутно воспаление на средното уво (AOM) и воспаление на средното уво со ефузија (OME). AOM е инфекција со брз почеток која вообичаено се одликува со болка во увото. Кај помали деца ова може да резултира со влечење на увото, плачење, и намалено спиење. Исто така можат да бидат присутни и намален апетит и треска. OME вообичаено не е асоциран со одредени симптоми. Понекогаш се опишува чувство на исполнетост во увото. Се дефинира како присуство на неинфективна течност во средното уво повеќе од три месеци.

Појавата на AOM е поврзана со детската анатомија и имунолошката функција. Причинителот може да биде вирус или бактерија. Ризик-фактори се изложеност на чад од цигари, употреба на цуцли-лажалки. Почесто се јавува кај домородните народи и кај лицата со Даунов синдром. OME често се јавува после AOM и може да биде поврзан со вирусна горнореспираторна инфекција, раздразнувачи како чад, или алергија. Преглед на ушното тапанче е важен за поставување на точна дијагноза.

Голем број на мерки го намалуваат ризикот за развој на воспалението на средното уво меѓу кои вакцинација за пнеумокок и инфлуенца, доење, и избегнување на чад од цигари. Важна е употребата на лекови за болка кај AOM. Такви се парацетамол (ацетаминофен), ибупрофен, капки за уши кои содржат бензокаин, или опиоиди. Кај AOM, антибиотиците може да го забрзаат лекувањето, но може да резултираат со несакани ефекти. Антибиотиците често се препорачуваат кај посериозни случаи или кај деца помали од две години. Кај оние кај кои состојбата не е сериозна, антибиотици се препорачуваат доколку после два или три дена нема подобрување на состојбата. Првичен антибиотик од избор вообичаено е амоксицилинот.

На светско ниво AOM годишно добива 11% од вкупното население (околу 325 до 710 милиони случаи). Половина од случаите се кај деца помали од пет години и почесто се јавува кај машките. Пред десеттата година околу 80% од децата имаат ОМЕ во одреден период. Воспалениети на средното уво резултирало со 3,200 смртни случаи во 2015 – во споредба со 4,900 смртни случаи во 1990.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Воспаленија Категорија:Болести на увото Категорија:Педијатрија Категорија:Аудиологија Категорија:Отологија