Драшко Атанасоски (роден на година во ) е Македонски универзитетски професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип на Факултетот за туризам и бизнис логистика, a воедно е и раководител на катедрата за бизнис логистика.

Животопис Драшко Атанасоски е роден во градот Тетово на 12 март 1971 година. Дипломирал во април 2002 година на ФТОН во Охрид а магистрирал во мај 2008 на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Докторирал во 2011 година, на Факултет за туризам и угостителство при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола. Својата работа на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип ја започнува во 2011 година . Претходното работно искуство го има добиено работејќи во царинските служби на Македонија. Во перидот од 2001 година до 2011 година тој е виш царински службеник на Царински терминал Скопје, а од 2009 година до 2010 година е виш царински службеник на Царински граничен премин Меџитлија. Од 2007 година до 2009 година се искачува на нова работна позиција како началник на Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализи при Секторот за наплата на приходи, финансиски материјали и законските односи за сопственост во рамките на Царинската Управа на Македонија. Научна преокупација на Проф. Драшко Атанасоски претставува подрачјето на транспортот, логистиката и царинското работење. Автор е на повеќе од 50 стручни и научни трудови, монографии објавени во земјата и во странство.

Објавени книги Атанасоски Драшко, Оливер Филиповиќ, „Основи на логистика“ - Штип, 2012.Атанасоски Драшко, Оливер Филиповиќ, „Основи на логистика“ - Штип, 2012. Атанасоски Драшко, Иванова Виолета, „Логистиката и винската индустрија во Република Македонија“ - Штип, 2013.Атанасоски Драшко, Иванова Виолета, „Логистиката и винската индустрија во Република Македонија“ - Штип, 2013. Атанасоски Драшко, Темјановски Ристе, Филипоски Оливер, „Логистички системи“ - Штип, 2014.Атанасоски Драшко, Темјановски Ристе, Филипоски Оливер, „Логистички системи“ - Штип, 2014. Темјановски Ристе, Атанасоски Драшко, „Меѓународен транспорт и шпедиција“ - Штип, 2015.Темјановски Ристе, Атанасоски Драшко, „Меѓународен транспорт и шпедиција“ - Штип, 2015.

Лиценци и сертификати Сертификат за овластен судски вештак издрадено од Комората на судски вештаци на Македонија (2013) Лиценца за овластен судски вештак издадено од Министерството за правда на Македонија (2013)www.pravda.gov.mk Сертификат за овластен Обучувач за професионална кометентност на управители на компании кои учествуваат во меѓународниот сообраќај, издаден од Министерството за транспорт и врски на Македонија (јануари, 2015)www.mtc.gov.mk Сертификат за овластен Обучувач на возачи кои учествуваат во меѓународниот превоз на патници и стока, издаден од Министерството за транспорт и врски на Македонија (јануари, 2015)www.mtc.gov.mk Сертификат за овластен туристички водич (декември, 2015) Сертификат за овластен раководител на туристичка агенција (декември, 2015)

Наводи

Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Луѓе од Тетово Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Родени во 1971 година