Љубиша Трајковски (роден во Скопје, на – починат во , во ) ― македонски филмски и театарски глумец, член на Битолскиот народен театар од 1960 година.Значајни личности за Битола, 2007

Глумец, кој претставувал еден од најраскошните таленти на македонското глумиште и бил столб на битолскиот ансамбл. Неговата природност во откривањето на драмските судбини посебно ја карактеризирала неговата уметничка игра.

Животопис Љубиша Трајковски бил роден во Скопје во 1927 година. Во 1960 година, тој дошол во Битола, се вработил во Народниот театар и станал дел од член на драмскиот ансамбл. Заради болест бил оттргнат од театарот, но со подобрувањето на здравјето, тој се вратил на сцената играјќи помали улоги со исто мајсторство како што ги остварувал своите насловни и водечки улоги.

Творештво Во својот глумечки живот остварил бројни и забележителни театарски и филмски улоги.

Поважни театарски улоги Година Улога Претстава Автор 1963 Дамата со камелииАлександар Дима Синот 1964 ФранцЗаточениците од АлтонаЖан-Пол Сартр 1967 Карл МорРазбојнициФридрих Шилер 1968 ЏорџКој се плаши од Вирџинија Вулф?Едвард Олби 1969 Драшко КаровскиЧекор до есентаТоме Арсовски 1970 ОтелоОтелоВилијам Шекспир 1972 АстровВујко ВањаАнтон Павлович Чехов 1976 АлијаЕлена ЌетковиќАлександар Поповиќ 1977 КрстеВреме за пеењеПетре М. Андреевски 1979 НовакКамен за под главаМилица Новковиќ 1980 МуринаСвечена вечера во погребното претпријатиеИво Брешан

Филмографија Година Филм Улога 1961 Мирно лето ТВ-филм / 1968 Волтер Мити од Лисиче ТВ-филм / 1969 Републиката во пламен ТВ-филм / 1970 Цената на градот ТВ-филм Џовани 1971 Македонски дел од пеколот ТВ-филм / 1971 Понижени и навредени ТВ-филм / 1971 Мува ТВ-филм / 1972 Табакерата ТВ-филм / 1973 Смилевскиот конгрес ТВ-филм Ѓорѓи Чуран 1974 Брачна понуда ТВ-филм / 1975 Простодушна љубов ТВ-филм Јане 1979 Курирот на Гоце ТВ-серија Таушан 1979 Наши години ТВ-серија / 1980 Учителот ТВ-филм 1981 Булки крај шините ТВ-серија 1981 Црвениот коњ ТВ-филм 1982 Илинден ТВ-серија 1984 Другарувања ТВ-серија 1985 Трговецот од Солун ТВ-филм 1987 Ѕвездите на 42-та ТВ-филм 1991 Тетовирање ТВ-филм

Награди и признанија Повеќе признанија на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Награда за животно дело на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во 1986 година.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Глумци од Скопје Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Македонски филмски глумци