Лукас Толентино Коељо де Лима (роден на , во ) — бразилски фудбалер, играч од средниот ред на и на бразилската репрезентација.
Клупска кариера Рана кариера Лукас Пакета пристигнал во Фламенго во 2007 година на возраст од 10 години. На 15-годишна возраст, тој бил многу технички обучен, но немал физичка способност како другите играчи на неговата возраст. Со младинскиот тим на Фламенго тој ја освоил титулата Копа Саун Пауло де Жуниор во 2016, најважниот младински турнир во Бразил. Покрај останатите играчи како Лео Дуарте, Фелипе Визеу и Роналдо, Лукас бил промовиран во професионалниот тим на клубот веднаш по натпреварот.
Фламенго
Во март 2016 година Пакета бил промовиран во првиот тим на Фламенго и потпишал договор до 2020 година. На 5 март 2016, Лукас дебитирал како стартер во победата од 3:1 над Бангу во натпреварот за државна лига во Рио де Жанеиро во 2016 година. Пакека го постигнал својот прв професионален гол на 19 февруари 2017 година со победа од 4-0 против Мадурера.
Пакета постигнал гол и во финалето на Купот на Бразил во 2017 година против Крузеиро на стадионот Маракана и во финалето Копа Судамерикана во 2017 година против Индепендиенте. Во двата натпревари, Фламенго бил поразен и останал второпласиран. Во финалето на Копа Судамерикана, тој бил прогласен за најдобар играч на Фламенго во натпреварот.
Милан На 10 октомври 2018 година, новинските агенции низ Бразил и Италија објавиле дека бил договорен трансфер за сума од 35 милиони евра во ФК Милан .
На 4 јануари 2019 година трансферот бил официјален, а Милан објавил дека играчот потпишал петгодишен договор. Тој го избрал бројот 39 на својот дрес. Поради португалското потекло на неговата мајка, тој има право да се регистрира како европски играч.
Пакета го направил своето деби на 12 јануари 2019, играјќи 85 минути пред да го замени Фабио Борини, додека Милан ја победил Сампдорија со 2:0 во дополнителното време во Купот на Италија. Четири дена подоцна, Пакета настапил и во Суперкупот на Италија, што се одржал во Саудиска Арабија, каде што Јувентус го победил Милан со резултат од 1-0. На 21 јануари 2019 година, Пакета дебитирал во Серија А во победата од 2-0 над Џенова во стадионот Лујџи Ферарис. Својот прв гол за Милан го постигнал во победата со 3-0 против Каљари, за моментален резултат 2-0.
Олимпик Лион На 30 септември 2020, Пакета потпишал петгодишен договор со , во трансфер вреден 20 милиони евра.
Вест Хем Јунајтед На 29 август 2022 година, Пакета потпишал за , за износ кој претставувал клупски рекорд, но истиот не бил откриен од англискиот клуб. Според некој шпекулации сумата на трансферот изнесувала повеќе од 50 милиони евра, со што била надмината сумата која Вест Хем ја платил за Себастијан Але во 2019 година, додека Пакета потпишал петгодишен договор. Своето деби за Вест Хем, а воедно и во Премиер лигата го имал на 31 август во ремито 1–1 на домашен терен против Тотенхем. На 4 јануари 2023 година, Пакета го постигнал својот прв гол за Вест Хем во натпреварот од Премиер лигата против Лидс Јунајтед на Еланд Роуд, завршен со нерешен резултат 2–2. На 7 јуни 2023 година, Пакета асистирал за победничкиот гол на Џарод Бовен во 90-тата минута од финалето на Лигата на конференции, во кое „чеканите“ ја совладале со 2–1 во Прага, за вториот европски трофеј на клубот во неговата историја.
Репрезентативна кариера Под 20 години
На 1 април 2016 година Пакета бил повикан за првпат да го претставува Бразил У20 на две пријателски натпревари во Европа. Тој го постигнал својот прв гол во своето деби во победата од 2:1 против Англија У20 на 4 септември.
Во октомври 2016 година, тој бил повикан на турнирот Quadrangular de Seleções, каде настапил против Еквадор, Уругвај и Чиле.
Олимписка репрезентација Кога имал 18 години, Пакета бил повикан да тренира со олимписката репрезентација за време на подготовките за Летните олимписки игри 2016. Тренерот Рожерио Микале повикал некои помлади играчи, родени во 1997 и 1998 година, вклучувајќи го и Лукас, да учествуваат на тренингот во надеж дека ќе се натпреваруваат на Летните олимписки игри 2020 во Токио..
Сениорска репрезентација Во 2018 година, тој бил избран од селекторот Тите да биде една од дванаесетте алтернативи на бразилскиот состав за Светското првенство 2018 во Русија. Од 35-те играчи на списокот, тој исто така бил најмладиот..
На 17 август 2018 година, Пакета за првпат бил повикан во бразилската репрезентација од Тите да игра во пријателските натпревари против и во септември. На 7 септември, дебитирал за „кариоките“, заменувајќи го Филипе Коутињо во 71-вата минута за време на пријателскиот натпревар против САД. На 23 март 2019 година, тој го постигнал својот прв гол за репрезентацијата во пријателскиот натпревар кој завршил со резултат 1-1..
Во мај 2019 година, тој бил вклучен во 23-члениот тим на Бразил за Копа Америка 2019. Таму тој настапил само во четвртфиналниот натпревар против , добиен на пенали со 4-3, но на крајот на турнирот можел да се радува и да ја слави со своите соиграчи титулата откако Бразил по деветти пат го освоил најважното континентално натпреварување на Јужна Америка. Две години подоцна, тој бил повикан и за следното издание на Копа Америка, овојпат имајќи многу поважна улога во тимот. Откако ги одиграл сите три натпревари во групната фаза, Пакета постигнал одлучувачки голови во следните два натпревари, добиени од Бразил со по 1-0 над и во четвртфиналето и полуфиналето, но за разлика од претходниот турнир овојпат бразилците се „лизнале“ на последната пречка, губејќи го финалето со 1-0 од .
На 7 ноември 2022 година, Пакета бил повикан во составот на Бразил за Светското првенство 2022.
Статистика Клупска Статистиката е ажурирана на 7 декември 2025
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2016 A1/RJ+А+ПЛ 1+0+1 0 КБ 0 0 КС 0 0 - - - 2 0 2017 A1/RJ+А+ПЛ 6+17+2 2+1+0 КБ 3 1 CL+CS 0+9 2 - - - 37 62018 A1/RJ+А 11+32 2+10КБ 6 0 КЛ 7 0 - - - 56 12Вкупно Фламенго 46+21+3 11+4+0 9 1 16 2 - - 95 18 јан.-јун. 2019 А 13 1 КИ 3 0 ЛЕ - - СИ 1 0 17 1 2019-2020 А 24 0 КИ 3 0 - - - - - - 27 0Вкупно Милан 37 1 6 0 - - 1 0 44 1 2020-2021 Л1 30 9 КФ 4 1 - - - - - - 34 102021-2022Л1359КФ10ЛЕ92 - - -4511авг. 2022 Л1 2 0 КФ 0 0 - - - - - - 2 0Вкупно Олимпик Лион 67 18 5 1 9 2 - - 81 212022-2023 ПЛ 28 4 ФАКуп+ЛК 2+0 0 ЛК 11 1 - - - 41 5 2023-2024 ПЛ 31 4 ФАКуп+ЛК 1+2 0 ЛЕ 9 4 - - - 43 8 2024-2025 ПЛ 33 4 ФАКуп+ЛК 1+2 1+0 - - - - - - 36 5Вкупно Вест Хем 59 8 5 0 20 5 - - 84 13Вкупно во кариерата 233 42 25 2 45 9 1 0 304 53
Репрезентативна РепрезентацијаГодинаНастапиГолови Бразил201820201992202020202115420221122023312024132202561Вкупно6112
Титули Фламенго Кампеонато Кариока : 2017
Вест Хем Јунајтед УЕФА Лига на конференции : 2022-2023
Бразил Копа Америка : 2019
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Живи луѓе Категорија:Бразилски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Фламенго Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери на ФК Олимпик Лион Категорија:Фудбалери на ФК Вест Хем Јунајтед Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026