Стојан Велковски – Цојле (Скопје, - , Германија, ) — македонски фудбалер, еден од најдобрите играчи на ФК Вардар во 50тите и 60тите години од 20тиот век.
Животопис Велковски е роден во Скопје на 8 мај 1934 година. Тој бил член на генерацијата на ФК Вардар која во 1961 година го освоил Купот на Југославија заедно со Часлав Божиновски, Тоде Георгиевски, Благоја Вучидолов, Драган Трајчевски, Петар Ангушев, Славко Дацевски, Мирко Илиевски, Владо Николовски, Андон Дончевски, Петар Шулинчевски и др. кога на стадионот ЈНА во Белград, Вардар го победил Вартекс во финалето, и го подигнал големиот пехар. Велковски во 1965 со сопругата и двете ќерки ја напуштил тогашна СФРЈ и се преселил во Улм, Германија, како појачување на градскиот клуб ТСГ Улм 46.Diamanthochzeit; Man muss tolerant sein
Починал во Улм, Германија на 15 јуни 2019 година.Почина еден од најдобрите фудбалери на Вардар- клубот со сочувство до семејството Наводи
Категорија:Фудбалери од Скопје Категорија:Југословенски фудбалери Категорија:Македонци од Германија