Грчката азбука ( Ellenikó alphabeto) е збир од дваесет и четири букви кои се користат за пишување на грчкиот јазик уште од деветтиот век пред нашата ера. Таа е првата азбука која во тесна смисла, како систем за пишување, користи посебен симбол за секоја согласка и самогласка. Таа е најстарото азбучно писмо во континуирана употреба и до денес. Буквите исто така се користат и за прикажување на грчки цифри, почнувајќи од 2 век пр.н.е. мини|десно|„Грчка азбука“ на модерниот грчки јазик. Грчката азбука е потомок на феникиската азбука и е основа за многу други азбуки во Европа и во Блискиот Исток, вклучувајќи ја и латиницата. Во додаток на тоа што се користи за пишување на грчкиот јазик, нејзините букви се користат и како симболи во математиката и науката, за имињата на честички, имиња на ѕвезди, во имињата на клубови на братства и сестринства, во именувањето на тропски циклони и за други намени.

Наводи