Аспарух Хаџиниколов (роден во , на – починат во , на ) - македонски композитор и музички педагог.

Животопис Хаџиниколов е роден во Скопје на 18 април 1909 година, а музика учел во Белград. Бил наставник и хорски раководител. Од 1945 година работел во Скопје како шеф на Музичкото одделение во Министерството за просвета, раководител на ансамблот за народни игри и песни „Танец“ и директор на Средното балетско училиште. Од 1952 година до пензионирањето работел како професор на Педагошката академија.

Починал во Скопје на 11 август 1980 година.

Творештво Од неговите творби и обработки на народни песни, најпозната е хорската композиција „Аце папуџија“.

Наводи

Категорија:Македонски композитори Категорија:Македонски музички педагози